Традиционално за новогодишните и божиќни празници во голем број домови се припремаат најразлични суви колачи кои претставуваат вистинско уживање и радост за сите, а особено за најмалите. Нека се за многу години празниците! Ви посакуваме само убавини и добри нешта во деновите кои следат, а и во новата година!
Уживајте во убавите моменти со семејството и малку заблажете се. Еве неколку убави вкусови.
Божиќни колачи со портокал и рум
Вкус кој инспирира! Може да ги јадете во комбинација со кафе, а во секој случај овие божиќни колачи со портокал и рум слободно може да се наречат и чајни колачи бидејќи одлично би го надополниле уживањето во шолја топол чај.
Превкусните божиќни колачи со портокал и рум доаѓаат директно од нашата кујна, а ги направивме со посебна љубов за вас. Нека се за многу години празниците. Уживајте во нив и во сите убави моменти со семејството. Рецептот за овие колачи е креиран за да биде таков што ќе ги усреќи сите кои ќе го пробаат, а може да го прочитате тука.
Божиќни колачи со лешници
Ако барате нова идеја за многу вкусни божиќни колачи, вие сте на вистинското место. Направете ги и уживајте во прекрасната арома на лешници, ванила, цимет и бело чоколадо! За да го прочитате рецептот кликнете тука.
Суви празнични колачи со лешници и цимет
Овие колачи може да ги правите во различни форми, да се препуштите на фантазијата и да ги декорирате по желба, а рецептот е тука.
Празнични медени колачи
Медените колачи се едни од препознатливите кои ги има на празничните трпези. Крцкави и вкусни, а рецептот ќе го најдете овде.
Ви препорачуваме да прочитате: Новогодишни ѕвезди со лешници и цимет.