Топлото време е совршено за нашата оброк салата од салатка, јајце и пченка! Вкусот и е полн со свежина. Најадува и богата е со многу витамини, минерали и протеини. Се прави брзо и лесно, испробана во нашата кујна, топло ја препорачуваме!
Предложената доза е соодветна за 2 лица. По желба може да ја менувате количината на некоја од состојките.
Може да ве интересира: Која зелена салата е најздрава?
Состојки:
За салата:
- 8-10 листови салатка, зависно од големината
- 4-6 варени јајца по желба
- 1/2 чаша обарена и исцедена пченка
- 30-50 потврд кашкавал или биено сирење за рендање
- лута крупно мелена црвена пипер.
За прелив:
- 2 лажици маслиново масло
- 1 лажица оцет балсамико
- сол по вкус
- 1/2 лажиче сенф.
Подготовка:
- Салатката измијте ја и листови оставете ги кратко да се потсушат. Исечкајте ја ситни парчиња.
- Состојките за преливот измешајте ги добро, а потоа преливот турете го врз исечканата салатка. Лесно промешајте.
- Во средината направете мала вдлабнатина и во неа ставете ја претходно обарената пченка.
- Варените и изладени јајца наредете ги околу пченката во круг. Може да бидат сечени на кругови со дебелина од 7-8 милиметри, да ги оставите на половинки, или да ги насечете по желба.
- На крај поросете со ренданото биено сирење и лутата црвена пипер. Не само што ќе додадат вкус, туку и изгледот на салатата станува уште попривлечен. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Свежа салата со марула, краставица и јајце.