Природно, домашно и превкусно! Совршенство во чаша само за 5 минути! Ако си за неодоливо вкусен милкшејк од банана и јагоди ти препорачувам да пробаш во првата прилика! Ти нудам избор да го прочиташ рецептот или да го погледнеш на видеото тука!- вели Катерина Шамбевска Спасеновска уредник и фудблогер од нашиот тим.
Освежително и хранливо, од лесно достапни состојки, а во овој случај и со нутритивно засилување плус со додаден инулин за богатство од растителни влакна и интестинална поддршка. – додава Катерина, а за повеќе интересни рецепти од неа, погледнете го нејзиниот Инстаграм профил @katerina.shambevska.

Состојки:
- 1 банана
- 5 до 6 јаготки
- 1 лажица мед
- 10-тина бадеми
- 250 мл млеко (по желба растително)
- 1 лажиче инулин.
Подготовка:
Се сечка овошјето, па се додаваат останатите состојки и се блендира. Уживајте!
Видео подготовката од рецептот погледни ја со клик тука.

А зошто додадов инулин?
Бидејќи инулинот е важна пребиотска дигестивна поддршка за организмот. Спречува појава на запек, го олеснува варењето на храната, ја подобрува апсорпцијата на калциумот, го поттикнува растот и развојот на корисните бактерии во цревата. Во овој период од годината, особено е важно и што го намалува ризикот од алергии.
Како проверен и препорачан и од Д-р Нела Деспотовска е #NOW органскиот инулин од сина агава, кој во моментов на попуст! Купете го од online продавницата на vitamini.mk, доставата е бесплатна! Линк за нарачки: http://bit.ly/3MtfDyI А, во наредните денови, очекувај уште супер информации за неговата употреба и корист за здравјето.

Препорака од авторот:
За повеќе испробани рецепти разгледај ги моите профили каде објавувам рецепти креирани во мојата кујна и заследи ме:
- Instagram:@katerina.shambevska
- Facebook: Katerina Sambevska Spasenovska.
Ако немаш инстаграм, видеото можеш да го погледниш тука.
Автор на рецептите и фотографиите: Катерина Шамбевска Спасеновска, @katerina.shambevska.
Ви препорачуваме да прочитате: Појадок за 5 минути – овесен оброк збогатен со инулин.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Рецептот е овозможен од vitamini.mk