Таратур со кашкавал 1

Од кујната на Катерина Ш. Спасеновска: Таратур со кашкавал 

За помалку од 10 минути салатата ќе биде готова и послужена, а кујната средена! Штом имаш расположение за мала промена во секојдневието, пробај вака збогатен вкус на таратур со кашкавал!“  вели Катерина Шамбевска Спасеновска  уредник и фудблогер од нашиот тим. 

Ако сакаш сличен вкусен и лесен рецепт, пробај ја мојата Крем салата и сос за сите сезони – брзо, свежо и вкусно – додава Катерина, а за повеќе интересни рецепти од неа, погледнете го нејзиниот Инстаграм профил @katerina.shambevska.

Таратур со кашкавал 2

Состојки:

  • 1 рендана краставица (200-250 г)
  • 2 павлаки (од 180 г)
  • 50 до 100 г Кораб кравји кашкавал на ситни коцки по вкус 
  • сол и зачин за таратур по вкус
  • 1 лажиче мајонез по желба.
Таратур со кашкавал 3

Подготовка:

  1. Ренданата краставица нежно притиснете ја да се исцеди вишокот вода.
  2. Ставете ја во сад, а потоа додајте ја павлаката, зачините и претходно исечканиот кашкавал на ситни коцки.
  3. Измешајте и декорирајте со неколку коцки кашкавал и малку рендана краставица по желба.

Совети плус:

  • Јас го пробав рецептот 2 пати, еднаш со 50 г и еднаш и со 100 г кашкавал и дефинитивно можам да кажам дека количината зависи од вашиот вкус, мене со 100 г ми беше премногу богат вкусот и мојот избор е помалку е подобро.
  • Ако сакате павлаката може да ја замените со протеински јогурт, а мајонезот да го изоставите. А, како предлог плус, нашите пријатели од Млекара Тетово имаат кремаст производ супер за салати – Natura krem, за кој најново е што достапен и во помали практични паковања.
Таратур со кашкавал 4

Препорака од авторот:

За повеќе испробани рецепти разгледајте ги моите профили каде објавувам рецепти креирани во мојата кујна и заследете ме:

Автор на рецепт и фотографии: Катерина Шамбевска Спасеновска@katerina.shambevska.

Ви препорачуваме да прочитате: Гурманска брза салата.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Рецептот е овозможен од Млекара Тетово.

Сподели: