ориз со брокула

Ориз со брокула и моркови

Ако ви досадил класичниот начин на приготвување на ориз, време е да го пробате го нашиот нов рецепт. Интересна комбинација од ориз, брокула, морков, целер и куркума за екстра вкус, по предлог од Катерина.

Потребно ви се малку време и неколку состојки за да направите вкусен специјалитет. Пробајте го овој ориз со брокула и уверете се во фантастичниот вкус.

ориз со брокула

Состојки:

  • 200 грама ориз
  • 2 свежи мисиркини колбаси (по желба)
  • 120 грама брокула
  • 1 главица сечкан кромид
  • 1 рендан морков
  • 1 помало сечкано стебленце целер
  • 1 црпалка зеленчукова супа
  • 1 лажица сечкан магдонос
  • 1/4 лажичка куркума
  • По потреба масло, мешан сув зачин, црн пипер.

Подготовка:

  1. Оризот сварете го и исцедете го убаво од водата.
  2. Во тава на оган ставете масло и додајте ги сечканиот кромид, сечканиот целер, ренданиот морков и цветовите брокула. Откако состојките ќе се запржат додајте ги колбасите исчкани на мали парчиња. Пропржете ги колбасите, па додајте ја супата и оставете на тивко да прокрчка.
  3. Откако супата ќе изврие додајте го сварениот ориз, сечканиот магдонос и куркумата. Приготвениот ориз со брокула зачинете со мешан сув зачин и црн пипер, измешајте и послужете со свежа салата. На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви предлагаме да прочитате: Ориз со зеленчук и мелено месо.

Сподели: