Ослободете се од непријатните кожни израстоци со помош на јаболкова киселина

Ослободете се од непријатните кожни израстоци со помош на јаболкова киселина

Израстоците на кожата најчесто се појавуваат во пределот на вратот, околу очите, градите, пазувите, како и во интимната регија на препоните. Иако тие не се сериозен здравствен проблем, може да бидат срамни и досадни. Понекогаш, претставуваат застрашувачка појава доколку лицето кое ги има не е запознаено со нивната безопасност. Непријатните кожни израстоци се појавуваат брзо и на многу непосакувани места. Речиси да нема човек кој во текот на својот живот нема да се соочи со нив.

Кои се причините за појава на кожните израстоци?

Иако кожните израстоци најчесто се верува дека се појавуваат кај лица кои имаат прекумерна телесна тежина, тие можат да се формираат од многу различни причини. Тие можат да се појават кај лица кои носат тесна облека која ја трие и иритира на кожата. Исто така, може да се забележат и кај бремените жени кај кои е зголемено излачувањето на хормонот на раст кој предизвикува и растење на израстоците.

кожни израстоци

Како може да се отстранат?

Најчесто тие се отстрануваат на дерматолог со помош на радиобранова терапија, со метод на замрзнување или пак со премачкување на заболеното место со различни раствори. Сепак, постои полесен начин за нивно отстранување и тоа целосно безболно и безопасно, и што е најважно во домашни услови. За таа цел ви е потребна само една состојка, а тоа е јаболковата киселина.

Домашен третман за отстранување на кожни израстоци со помош на јаболкова киселина

Заболеното место измијте го со чиста вода. Потоа, нанесете малку јаболкова киселина. Постапката повторувајте ја 2-3 пати во текот на денот во период од една недела. За тој временски период кожниот израсток треба да отпадне сам по себе.

Дополнително, може да користите и памучно тупферче кое претходно сте го натопиле со јаболкова киселина. Натопеното туферче треба да го притиснете на кожата каде што се наоѓа израстокот и да го прицврстите со помош на завој.

Совет плус: Пред да започнете со било каков третман на кожните израстоци, прво треба да се консултирате со дерматолог за да бидете сигурни дека не станува збор за некоја посериозна здравствена состојба. Доколку вашиот доктор ви потврди дека сепак станува збор за најобичен кожен израсток и се одлучите да го користите овој метод за негово отстранување, пред да започнете со постапката, најпрво треба да ја тестирате вашата кожа со јаболковата киселина. На мал дел нанесете од киселината и следете ја реакцијата на кожата, за да се исклучи веројатноста од можни иритации.

Ви препорачуваме да прочитате:  Домашен третман со јаболкова киселина против брадавици.

Сподели: