Печена свинска коленица со зеленчук 1

Печена свинска коленица со зеленчук

Доколку досега ви беше „страв“ да готвите свинска коленица, бидејќи немате добар и испробан рецепт, повеќе нема да имате никаков изговор за тоа.

Овој пат од кујната на Лана ни доаѓа фантастичен рецепт за свинска коленица со прилог од зеленчук. Ова печење може да ја краси вашата празнична трпеза без разлика кој е поводот за прослава. Богатиот вкус на печено свинско месо совршено се надополнува и балансира со изобилството на зеленчуци кои одат како прилог со него. Сигурни сме дека ќе ги воодушеви и најпребирливте.

Печена свинска коленица со зеленчук 2

Состојки:

  • 1 свежа свинска коленица (околу 2 кг)
  • 2-3 моркови
  • свеж магдонос по вкус
  • 1 пашканат
  • малку целер
  • 2 помали главици кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажичка црн пипер во зрно
  • 1 ловоров лист
  • 1 лист свежа зелка по желба
  • сол по вкус
  • 2 литри вода
  • масло или путер по потреба
  • фиде за супа по желба.

Подготовка:

  1. Месото ставете го во дното на еден поголем сад за готвење и прелијте го со ладна вода така што целосно ќе биде прекриено.
  2. Додека водата зоврие, зеленчукот добро измијте го и исечете го на покрупни парчиња.
  3. Откако водата ќе зоврие, соберете ја пената од површината на садот и додајте го зеленчукот и зачинете по вкус.
  4. Намалете ја температурата и гответе на тивок оган околу 2 часа, додека месото и зеленчукот омекнат.
  5. Извадете ги вареното месо и зеленчукот од садот со бујон.
  6. Бујонот може да го искористите така што во него ќе ставите фиде за супа.
  7. Месото засечете го со остар нож на коцки и ставете го во плех за печење. Додајте полна лажица масло, путер или свинска маст по ваша желба, зачинете со сол и црн пипер во зрна, додајте еден ловоров лист и малку вода.
  8. Печете во претходно загреана рерна околу 30 до 40 минути додека месото добие убава, румена кора. За време на печењето, повремено преливајте го со сокот од печењето, а доколку е потребно свртете го од другата страна за рамномерно да се испечи.
  9. Печеното месо послужете го со претходно сварениот зеленчук, а по желба може да го сервирате и со печени компири. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: 5 трикови за совршено печење со меко месо и крцкава кожа.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: