Здрави со семиња и оформени без глутен! Имавме разни состојки во кујната, па лесно беше да се пробуди креативноста и да се направат овие многу вкусни печени вегетаријански плескавици. Одлични се за многу режими на исхрана, а најмногу од се, погодни се и може да ги сместиме во оброците за добро здравје!
Им се допаднаа и на повозрасните и на младите дегустатори. Вкусот им е богат и полн, што се должи на семињата, свеж, благодарение на зеленчукот и по заслуга на целокупниот состав, многу се хранливи. Пробајте ги во првата погодна прилика!

Состојки:
- 2 тиквички
- 2 модри патлиџани
- 3 јајца
- 10-тина гранчиња магдонос
- 1 чаша овесно брашно (може и овесни снегулки)
- 1 помала главица кромид
- сол и црн пипер по вкус
- малку масло за запржување
- оригано по вкус
- 1 лажица куркума
- 1 чешне лук
- 1 лажиче чили
- 2 полни лажици ленено семе
- 2 лажички чиа семе.
Подготовка:
- Тиквичките измијте ги, излупете ги и изрендајте ги. Посолете ги и оставете ги да стојат околу 20-30 минути, па исцедете ги.
- Во меѓувреме измијте ги модрите патлиџани, изрендајте ги, посолете ги и оставете ги да стојат 10-тина минути.
- Додека чекате тиквичките и модрите патлиџани да се исцедата, излупете ги и исечкајте ги кромидот и лукот на ситно.
- Во тава на оган, ставете ги ситно сечканите кромид и лук, па додајте ги исцедените модри патлиџани и зачинетепо вкус со погоре наведените зачини.
- Исцедените тиквички ставете ги во поголем сад, а потоа во истиот додајте ја и содржината од тавата. Добро измешајте.
- Од смесата формирајте плескавици со големина по желба и ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 220 степени, па намалете ја на 200 степени, за време од 25-30 минути, а по потреба и повеќе, зависно од рерната.
Ви препорачуваме да прочитате: Вегетаријански плескавици од зелка и блитва.