Се прашувате која е тајната за подготовка на кременадли во сос кои ги служат во рестораните? – Пробајте го нашиот лесен и брз рецепт со кој ќе може да подготвите совршенo печени кременадли во сос од вино кои се идеални за секакви пригоди и убави семејни мигови со најблиските. И што е најважно, подготовката е толку едноставна, па ќе се снајдат и помалку искусните домаќинки.
За да подготвите сочни кременадли потребни ви се само добро избрани парчиња свежо месо, желба за готвење и проверен рецепт. А ние ви гарантираме дека со овој рецепт совршениот вкус е неизбежен, а уживањето во ручекот – загарантирано!
Состојки:
- 5 свински кременадли од Агриа (околу 1 кг)
- 7-8 лажици брашно
- сол и црн пипер по вкус
- масло по потреба
- 1/2 до 1 главица кромид
- 2 чешниња лук
- 1 телешка коцка за супа
- ½ литар жешка вода
- 100 мл бело вино
- 2-3 ловорови листови.
Подготовка:
- Од кременадлите отстранете ги коските, измијте ги и избришете ги со кујнска хартија. Потоа исчукајте ги со чекан за месо, посолете ги со сол и црн пипер, па посипете ги со брашно.
- Вака подготвените кременадли кратко пржете ги во длабока тава со загреано масло додека добијат убава боја.
- Откако ќе се испржат ставете ги во сад за печење, прелијте ги со масло и зачинете ги со ловорови листови.
- Во тавата во која се пржеа кременадлите, додајте ги сечканите кромид и лук и кратко пропржете ги. Штом кромидот порумени додајте 3-4 лажици брашно.
- Во ½ литар врела вода додајте ја коцката за супа. Течноста ставете ја во тавата со лукот и кромид. Мешајте со жица за матење додека се згусти сосот. Потоа тргнете го од огнот и додајте го виното. Повторно измешајте.
- Сосот додајте го во тавата со кременадлите. Садот за печење поклопете го со капак или прекријте го со алуминиумска фолија.
- Печете во претходно загреана рерна на 180 степени околу 45 минути. Потоа тргнете го капакот/фолијата и продолжете со печењето уште 10 минути.
- Вака подготвените кременадли сервирајте ги со ориз или некој друг прилог по желба. На здравје!
Наша препорака:
За да бидете сигурни дека ќе одберете квалитетни и секогаш свежи кременадли ви препорачуваме да ги посетите месарниците на Агриа во Велес, Битола и Штип или да го побарате нивното свежо месо во Тинекс и Рамстор маркетите. Ние сме долги години го користиме месото на Агриа и сме задоволни потрошувачи. Услужливиот персонал, квалитетното месо од домашно производство се наш мотив и прв избор. Од Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна која доаѓа од македонските полиња. За сите новости, посетете ја веб страницата на Агриа и следете ги на нивната фан страница на Facebook.
Ви препорачуваме да прочитате: Печени кременадли во сос.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.