Од најкористените состојки направете вкусни печени пилешки копани! Се прават толку едноставно, што и помалку искусните готвачи ќе може да ги подготват со леснотија. Ако обожавате пилешко месо, ова е вистинскиот рецепт за вас.
Подготвени а овој начин, пилешките копани се сочни, вкусни и крцкави. А, додека се печат, мирисот од кујната се шири низ целиот дом, па со нетрпение ќе чекате да се испечат. Единствената тајна е што подолго маринирање. Само следете ги чекорите и нема да згрешите ништо во подготовката.

Состојки:
- 8 парчиња (1 кг) пилешки кратки копани
За маринада:
- 1/8 чаша маслиново масло
- 2 истолчени чешниња лук
- 2 лажици ситно сечкан свеж магдонос
- 1,5 лажици сок од лимон
- 1 лажица сенф
- ½ лажица сол
- ½ лажичка црн пипер.
Подготовка:
- Најпрво започнете со припрема на маринадата. Во длабок сад ставете ги состојките потребни за маринада. Измешајте.
- Во друг сад ставете ги пилешките кратки копани. Врз копаните ставете ја маринадата. Убаво измешајте за рамномерно да се распореди маринадата. Садот покријте го со најлонска фолија и ставете го во фрижидер. За добро да се маринира месото, оставете го барем 6 часа, или најдобро преку ноќ. За време на маринирањето измешајте еднаш.
- Загрејте ја рерната на 200 степени. Извадете ги кратките копани од фрижидер и оставете ги на собна температура додека се загрева рерната.
- Тавата обложете ја со хартија за печење. Пилешкото месо наредете го врз хартијата со кожата надолу. По желба премачкајте го со останатата маринада.
- Печете 50 минути. По 25 минути од печењето, свртете ги копаните од другата страна и продолжете со печење. Декорирајте со магдонос и послужете со свежа салата.
Ви препорачуваме да прочитате: Печени пилешки копанчиња од крилца со пикантен Бафало сос.