Одличен рецепт кој ќе ви го исполни домот со мирис на цимет, јаболко и бадеми. Совршениот спој на овошје, житарки, јатки и ароматични зачини прават нутритивна бомба која ем ќе ве најаде, ем ќе ве исполни со енергија. Прекрасниот вкус на печени јаболка со овесни снегулки, цимет и бадеми ќе ве натера да го подготвувате овој лесен десерт цела зима, повторно и повторно!
Вака подготвените печени јаболка се совршени за ужина, но и за лесен појадок. Ќе ги обожаваат и децата, па на креативен начин ќе успеете да им вметнете здрави животни навики во секојдневието. Убаво звучи, зар не?!

Состојки:
- 8 урми потопени во врела вода
- 8 јаболка
- ½ чаша растопен путер
- 1 ќесичка ванилин шеќер од Витаминка
- ½ чаша овесни снегулки
- ½ чаша кокос
- ½ чаша мелени бадеми
- ½ чаша сечкани бадеми
- 1 лажичка цимет од Витаминка
- прстофат сол.
Подготовка:
- Потопете ги урмите во врела вода околу 20 минути. Потоа исчистете ги од семките и изблендирајте ги со ¼ чаша од течноста во која беа потопени.
- Во смесата од урми додајте половина од растопениот путер и ванилин шеќер.
- Во длабок сад измешајте ги кокосот, овесните снегулки, циметот, солта, мелените и сечканите бадеми. Сувите состојки додајте ги во смесата од урми и добро измешајте.
- Јаболката темелно измијте ги и пресечете им го горниот дел кај шишката. Со помош на алатка за длабење, издлабете ги во внатрешноста.
- Вака подготвените јаболка наполнете ги со филот од овесни снегулки и урми. На крај, затворете ги со преостанатиот дел од јаболката и прелијте ги со другата половина од растопениот путер.
- Печете ги во претходно загреана рерна на 180 степени околу 20 минути. Послужете ги додека со топли. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Американски колачиња со чоколадо.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.