Тајната на совршено вкусното испечено пиле со крцкава кора, а меко и сочно месо, се крие во зачините и прилагодената температура на печење! Има разни рецепти, а во оваа прилика ќе ви кажеме за еден кој во последниот период ни е омилен! Пробајте го нашиот најнов хит рецепт за печено пиле со зачини и подгответе вкусен семеен ручек како вистински професионалци.
Овие празници изненадете ги вашите најблиски и подгответе им пиле по нов рецепт. Разбудете ја фантазијата и играјте си со зачините, крајниот резултат ќе ве изненади, a ние ви гарантираме дека ќе ви се исплати трудот.

Состојки:
- 1 пиле
- 1 лажица Брилијант масло
- ¼ лажичка крупна морска сол од Витаминка
- ¼ лажичка пресно мелен црн бибер од Витаминка
- ¼ лажичка оригано од Витаминка
- 1 лажичка зачин за пилешко од Витаминка
- ¼ лажичка буковска пипер
- 1/8 лажичка буковска лута пипер од Витаминка.
*Зависно од големината на пилето, количината на зачините може да варира и да е поголема.
Наш предлог за прилог и сервирање:
- покрупни парчиња компири или цели млади компирчиња
- кришки портокал по потреба
- гранчиња рузмарин по желба.
Подготовка:
- Најпрво темелно измијте го пилето под млаз ладна вода и исчистете го од маснотиите, па исушете го со кујнска салфетка.
- Потоа, ставете го во сад за печење и премачкајте го со Брилијант масло.
- Во сад измешајте ги крупната сол, црниот бибер, ориганото, зачинот за пилешко, буковската нелута и лута пипер. Со вака подготвената смеса од зачини посипете го пилето.
- Зачинетото пиле печете го во претходно загреана рерна на 230 степени, околу 20 минути. Потоа намалете ја температурата на рерната на околу 200 степени и продолжете со печење уште дополнителни 40-тина минути.
- Прилогот може да го ставите да се подготвува во истата тава, или одделно по желба.
- Готовото печено пиле со зачини послужете го додека е топло. На здравје и уживајте во светот на вкусовите со Витаминка!
Ви препорачуваме да прочитате: Пилешко со сос за скара повкусно отколку со стандардна маринада.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.