Печен ролат од свинско месо 1

Печен ролат од свинско месо

Ролатите од месо се вкусни и декоративни, па совршено ќе ја надополнат секоја свечена трпеза. Може да ги подготвувате за слави, имендени, матурски, веридби, но и едноставно кога сакате да направите вкусен семеен неделен ручек. Всушност, има милион причини зошто да направите свечен печен ролат од свинско месо и пријатно да ги воодушевите сите со гурмански специјалитет кој остава без зборови!

Доколку имате убаво парче свински бут, воопшто не двоумете се и во прва прилика пробајте го овој ролат. Богатиот вкус и примамлив изглед ви гарантираат вистинско гурманско уживање на сите сетила. Овој рецепт особено ќе ги воодушеви љубителите на месо и месни специјалитети, но и сите оние кои уживаат во добрата храна со полн вкус.

Печен ролат од свинско месо 2

Состојки:

  • 800 г свински бут од Агриа во едно парче
  • сол по вкус
  • црн пипер по вкус
  • 100 мл бело вино
  • 5 јајца
  • 100 мл јогурт
  • 20 г пармезан
  • 400 г спанаќ
  • 1 чешне лук
  • 1 лажица путер
  • 4 средно големи моркови
  • 4 помали кисели краставички
  • неколку вишни за свежина на вкусот по желба.

Подготовка:

  1. Свинскиот бут расечете го во правоаголна форма, измијте го, избришете го и посолете го по вкус.
  2. Морковите обарете ги на пареа или сварете ги во вода, па исцедете ги.
  3. Јајцата, јогуртот и солта пенесто изматете ги и додајте го пармезанот. Смесата ставете ја во сад премачкан со путер и испечете ја на рингла, но само од едната страна. Се препорачува да изберете сад кој е нешто помал од парчето месо.
  4. Вака подготвениот пандишпан ставете го врз парчето месо.
  5. Во меѓувреме на малку путер динстувајте го исчистениот спанаќ додека изврие целата течност. Зачинете го со претходно пресуваниот лук и со црн пипер.
  6. Вака припремениот спанаќ нанесете го врз пандишпанот од јајца и пармезан.
  7. Врз слојот со спанаќ по должина наредете ги обарените моркови, киселите краставички и неколку вишни по желба, ако одлучите дека сакате да добиете баш посебен вкус и арома на месото.
  8. Парчето месо внимателно завиткајте го во ролат и заврзете го со конец.
  9. Ролатот од месо ставете го врз плех за печење и прелијте го со малку масло. Печете го во претходно загреана рерна на 220 степени, околу 20-30 минути зависно од рерната, односно додека порумени. Потоа прелијте го со белото вино, намалете ја температурата на рерната на 180 степени и печете го додека убаво омекне во внатрешноста. За време на печењето преливајте го со мали количини од белото вино неколку пати.
  10. Свечениот печен ролат од свинско месо оставете го кратко да се излади, доволни се 15 – 20 минути, па исечете го на парчиња и послужете го. На здравје!

Наша препорака:

За да бидете сигурни дека ќе добиете неодоливо вкусен свински месен ролат, препорачуваме да набавите свежо свинско месо од Агриа. Ако се прашувате зошто, имаме одговор кој објаснува сè? – Свежото месо има бројни придобивки во споредба со замрзнатото. Најважно од сè е тоа што е похранливо, текстурата е подобра и маринадата полесно се впива во него. Наша препорака се Агриа, затоа што месото им е со врвен квалитет, кој се должи на принципот од „нива до трпеза“. Од Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна. Веруваме дека штом еднаш ќе го пробате свежото месо од Агриа, тоа ќе остане вашиот прв избор!

Печен ролат од свинско месо 3

За сите новости и акции посетете ја новата веб страница на Агриа и следете ги на нивната фан страница на Facebook.

Ви препорачуваме да прочитате: 3 кулинарски совети за подготовка на сочно свинско месо.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: