Пилешка крем салата 1

Пилешка крем салата

Пробајте ја нашата пилешка крем салата! Има вкус кој навистина ќе ви остави впечаток на сетилата! Може да се почестите за вечера, да ја понесете со себе на работа или да ја припремите за гости.

Кремастите вкусови ретко наидуваат на критики. Ова е нешто што едноставно поминува одлично и пред најпребирливите дегустатори. Неодолива е, повкусна и од ресторан!

Може да ве интересира: Брза оброк салата од пилешко месо.

Пилешка крем салата 2

Состојки:

  • 500 гр пилешки стек
  • 200 гр компири
  • 150 гр кашкавал
  • 2-4 кисели краставички по вкус
  • 100 мл тартар сос
  • 400 мл кисела павлака
  • сол и црн пипер по вкус.

 Подготовка:

  1. Прво ставете го пилешкото месо во сад на оган и оставете го да се вари. Откако ќе се свари, исечкајте го на ситни коцки или искинете го на ситни парчиња.
  2. Ко мпирите излупете ги, исечкајте ги на помали коцки и исто така сварете ги, па исцедете ги.
  3. Кашкавалот и киселите краставички исечкајте ги на ситни коцки, исто така.
  4. Откако сте ги припремиле сите состојки, сите ставете ги во поголем сад.
  5. Додајте ја павлаката, тартар сосот и зачинете со сол и црн пипер по вкус.
  6. Убаво измешајте и на здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Пилешка салата со цвекло.

Сподели: