Кога ќе го пробате вкусот на нашата пилешка салата со макарони ќе знаете дека е тоа е можеби најсовршениот состав на состојки кои ги избра Клара. Сите рецепти кои ни ги предлага таа имаат нејзин печат и доза на препознатливост кои будат желба кај нас како дегустатори да уживаме во јадењето и да посакаме да ги споделиме со сите вас.
Со пилешката салата со макарони можете многу брзо и лесно да се послужите вие дома, да почестите гости и да приготвите брзо мезе, а кое ќе биде изедено за најбрзо и одобрено од мнозинството!

Состојки:
- 200 гр ситни макарони
- 1 парче пилешки стек
- 2 тврдо варени јајца
- 120 гр кашкавал
- 1 грст грашок од конзерва
- 1 поголем морков
- неколку ливчиња ситно сечкан свеж босилек
- малку сечкан магдонос
- 1/2 лажиче зачин гарам масала (мешан индиски зачин)
- 1 мало лажиче оригано
- 1 лажица сенф
- 2 полни лажици мајонез
- 3 лажици кисела павлака.
Подготовка:
- Во длабок сад за варење ставете ги стекот и морковот. Во садот налејте вода и ставете го на оган да се вари. Сварениот стек и морковот исечкајте ги на ситни коцки.
- Во друг сад на оган ставете вода да зоврие. Во зовриената вода додајте ги макароните и сварете ги според упатството, а кога макароните ќе се сварат, исцедете ги и оставете ги да се изладат.
- Јајцата исечкајте ги на коцки, исто така.
- Откако сте ги припремиле сите состојки, ставете ги во длабок сад за салата и убаво измешајте, а по потреба додајте малку сол.
Рецептот го испратил: Клара Бос.