Обично подготовката на главно јадење одзема повеќе време, а посебно кога станува збор за јадења кои вклучуваат месо. Повелете предлог за брз и вкусен ручек од пилешки стек со грашок и моркови. Доволно сочен и многу вкусен за целото семејство, не пропуштајте да го направите!
Состојки:
- 1 парче од 450 гр пилешки стек
- 200 гр замрзнат грашок
- 1 поголем морков
- 1/4 мала главица кромид
- сол, црн пипер и мешан сув зачин по вкус
- 1 лажица путер
- масло по потреба
- брашно по потреба
- 150 мл млеко.
Подготовка:
- Пилешкиот стек најпрво исечете го на тенки шницли, а потоа истите зачинете ги по вкус со сол, црн пипер и мешан сув зачин.
- Парчињата пилешки стек извалкајте ги во брашно и испржете ги во малку масло.
- Во друга тава со 3-4 лажици масло малку запржете го кромидот и морковот кои треба да се ситно сечкани.
- Додајте го грашокот и 1/2 чаша вода, па зачинете го по вкус и динстајте го додека испари течноста. Спрема варењето на грашокот ако е потребно додадете и повеќе вода. Откако се сварил грашокот тргнете го на страна.
- Кога е испржен стекот, во тавата во која се пржел зеленчукот додајте ги путерот, млекото, стекот и готовиот грашок.
- Оставете го да проврие само 1-2 минути, сосот веднаш ќе се згусти и внимавајте да не загори, па лесно промешувајте. Послужете додека е топло и со салата по желба.
Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.