Како би можеле да уживаме повеќе во јадењето?! Овој пилешки стек со пица вкус е брзо, лесно и многу вкусно јадење, а нема никаква тешкотија за да се подготви!
Што е важно? Како и во секоја област на занимање, креативноста е еден клучните фактори за создавање убави нешта. И благодариме на Невена за нејзиниот супер рецепт, а веруваме дека ќе им се допадне на сите, млади и возрасни.
Состојки:
- 4 парчиња пилешки стек
- 8 лажици доматно пире
- 110 гр рендан кашкавал
- 1 лажиче оригано.
Подготовка:
- Парчињата пилешки стек посолете ги, набрашнете ги и испржете ги во масло.
- Така испржени ставете ги во плехче за печење.
- Врз секое парче ставете по 2 лажици доматно пире, рендан кашкавал и наросете ги со оригано.
- Ставете ги да се печат на 200 степени за време од околу 10 минути или додека да се стопи кашкавалот.
- Јадењето послужете го додека е топло со вашата омилена салата. На здравје!
Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.
Ви препорачуваме да прочитате: Печен пилешки стек со малибу сос.