пилешки стек во сос

Печен пилешки стек со малибу сос

Пилешкиот стек е храна која ретко кој не ја обожава, омилен на сите спортисти и многу често на менито на оние кои внимаваат на здравјето и изгледот. Има многу рецепти за негова подготовка, а овој пат ви предлагаме да пробате мариниран печен пилешки стек со малибу сос, кој веќе е испробан од светски дегустатори.

На страницата chef-in-training го најдовме овој фантастичен рецепт за подготовка на печен пилешки стек со сос. Сосот е исклучителнно вкусен и одлично го надополнува маринираниот стек. Пробајте го, нема да зажалите ни вие, ни вашите гости.

пилешки стек во сос

Состојки:

  • 4 пилешки стек (пилешки гради)
  • 5 жолчки од јајце
  • 3 лажици мелен лук (во прав)
  • 1 чаша лебни трошки
  • 1 чаша пармезан
  • 1 лажица лук во прав
  • ½ лажичка сол
  • ¼ лажичка црн пипер
  • 8 тенко сечени парчиња шунка
  • 4 парчиња кашкавал.

Малибу сос:

  • 2 супени лажици grey poupon сенф (во својот состав има бело вино кое му дава уникатен вкус)
  • 3 лажици мајонез
  • 1 лажичка жолт сенф
  • 1 лажичка мед.

Подготовка:

  1. Прво започнете со припрема на пилешкиот стек. Жолчките изматете ги и измешајте ги со лукот во прав, а потоа ставете ги во најлонска ќеса која добро се затвора.
  2. Ставете го и пилешкиот стек во ќесата, уверете се дека добро сте ја затвориле и стекот од сите страни се наоѓа во маринадата.
  3. Ставете ја така приготвената ќеса во фрижидер да отстои околу 4 часа.
  4. Во средно голем сад измешајте ги лебните трошки, пармезанот, лажицата лук во прав, сол и црниот пипер, а потоа рамномерно распоредете ја смесата по дното на тавата за печење.
  5. Извадете го месото од ќесата и ставете го во тавата за печење.
  6. Пилешкиот стек покријте го со смесата во која стоеше и ставете го да се печи на 180 степени. Пилешкиот стек печете го за време од 40 минути до еден час, зависно од дебелината на парчето стек. Следете го за време на печењето. 
  7. Потоа ставете ги од горе парчињата шунка и кашкавал, па печете уште 2 минути, за кашкавалот да се растопи по површината.
  8. На крај, припремете го малибу сосот. Во помал сад измешајте ги состојките и сервирајте.

Ретко кој останува рамнодушен на вака убаво приготвено јадење, а ако не знаете што вкусно да подготвите за своите сакани или гости, пилешки стек во малибу сос е секогаш одличен избор. Пријатен апетит!

Сподели: