Ручајте пилешки специјалитет како во луксузен ресторан! Тајната на вкусот е едноставна, но за да јадете вака вкусно пилешко во бел сос мора да ги знаете сите мали детали. Откако ќе пробате нема да сакате да престанете да јадете, превкусно и несекојдневно!

Состојки:
- 2 батаци со карабатак
- 350 гр свежи шампињони
- 30-40 гр путер
- 150 мл млеко
- 8 зденки (топено сирење)
- црн пипер по вкус
Подготовка:
- Во тенџере на оган ставете ги батаците да се сварат, а потоа оделете го месото и искинете го на мали парчиња.
- Во тава на оган ставете го путерот да се растопи и додајте ги шампињоните. Пржете додека водата од печурките испари, а потоа додајте го месото и заедно пржете уште малку.
- Посолете, наросете црн пипер, додајте го млекото и зденките и покријте ја тавата со капак.
- Оставете да се стопат зденките (сирењето) и да провријат малку со млекото. Откакао сосот малку ќе се згусти е спремен за послужување.
Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.