Победете го студот со помош на 5 зачински билки и подобрете ја циркулацијата на крвта 1

Победете го студот со помош на 4 зачински билки и подобрете ја циркулацијата на крвта

Има голем број луѓе кои ги обожаваат зимските спортови и дебелите снежни прекривки, но има и такви за кои ова годишно време претставува проблем. Така, поради студот и проблемите со циркулацијата кои тогаш се најизразени, зимата на многумина им е најомразено годишно време. А дали знаевте дека можете да го победите студот со помош на зачински билки и да си ја подобрите циркулацијата на крвта?

Многумина со задоволство би ја поминале целата зима во топлината на домот, облечени во топли чорапи и џемпери, но работата не секогаш го дозволува тоа, па и најзиморливите лица понегогаш се приморани да излезат на мразот и студот. Состојбата е полоша кај оние што имаат проблеми со циркулацијата како и кај оние кои секогаш имаат ладни нозе. Слоевитото облекување, топлите напитоци како чаеви и топло чоколадо, па дури и алкохолните пијалаци особено греаното вино, можат да помогнат при овој проблем. Но, понекогаш што и да направите и што и да облечите не е доволно, па ви претставуваме листа на зачини кои ќе им помогнат на најзиморливите лица.

Победете го студот со помош на 5 зачински билки и подобрете ја циркулацијата на крвта 2

Лук

Лукот не само што е екстремно здрав и што ќе ве заштити од разни заболувања, тој и ќе ве загрее. Лукот е поттикнувач на подобра циркулација, а уште многу одамна се знаело дека овој зеленчук е термоген и ја покачува температурата на телото во ладни услови. Тој, исто така се користи и за да го подобри протокот на крвта низ артериите. Лукот најдобро е да се консумира суров, но може и да се додава и во салати, чорби и риби.

Лут пипер

Лутиот пипер помага против настинка, но и како што сигурно и самите веќе сте забележале, ја покачува и температурата на телото. Во Италија и Кина се користи за подобра циркулација. Во некои поладни краеви жителите дури во чорапите и во чевлите ставаат малку мелени лути пиперки со цел да се ослободат од чувството на ладни и премрзнати нозе.

Цимет

Не е воопшто чудно што циметот важи за еден од омилените зимски зачини, па така неговиот мирис во домовите е прв знак дека лисјата почнале да паѓаат и дека доаѓа периодот на снег и дожд, но и на празници. Циметот поволно делува против згрутчувањето на крвта и помага за подобра циркулација. Можете да го додавате во топли напитоци, но и во божиќните колачиња, разни домашни бисквити, па дури и во утринските житарки.

Ѓумбир

Најдобриот „грејач“ помеѓу сите зачини и чаеви е секако ѓумбирот. Со него може да си направите и купка, така што во кадата со топла вода ќе додадете мелен ѓумбир, или пак ќе зовриете 230 грама ситно насечкан ѓумбир во 2 литри вода. Откако овој чај ќе го процедите, додадете го во кадата. Чајот од ѓумбир е одличен начин да се затоплите во ладните зимски денови, а можете да го комбинирате со лимон за подобар вкус. Освен тоа, ѓумбирот како и циметот е одличен зачин за суви колачиња и бисквити.

Ви препорачуваме да прочитате: Топ 5 зачини кои го загреваат телото во ладните денови.

Сподели: