Едноставен, лесен, а пред сѐ вкусен. Овој посен колач е супер идеја како да ги искористите зрелите банани. Одличен за со кафе или чај, а може да послужи и како ужинка за дечиња. Уште еден рецепт на Ана Наумовска, членка во групата Сѐ за храна.
Рецептите на членовите од нашата група се многубројни, од солени предјадења до слатки десерти. Па, за повеќе рецепти од нашите членови ве покануваме се прикучите на групата Сѐ за храна, а секако и да споделите некое ваше омилено јадење.

Состојки:
- 3 зрели банани
- 5 супени лажици мед
- 200 мл соино млеко или било кое друго растително млеко по желба
- сок од една кришка лимон
- 50 мл масло
- 350 г брашно
- 1 ќесичка прашок за печиво
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- 1 кафена лажичка сода
- малку цимет
Подготовка:
- Во длабок сад со помош на виљушка испасирајте ги бананите. Додадете го медот и убаво измештајте.
- Млекото измешајте го со сокот од лимон, па додадете го во пасираните банани. Потоа додајте го маслото и измешајте.
- Во друг сад измештајте ги брашното, прашокот за печиво, ванилиниот шеќер, содата и циметот.
- Измешаните суви состојки ставете ги во претходно припремената смеса со банани. Убаво измештајте ги двете смеси за да се соединат.
- Вака припременото тесто турете го врз калап претходно намачкан со масло.
- Печете на загреана рерна на 180 степени, 40 до 45 минути.
- Готовиот посен колач послужете го со банани и јаворов сируп. На здравје!
Автор на рецептот: Ана Наумовска.
Ви препорачуваме да прочитате: Мафини со ванила крем.