Посна салата со туна

Посна салата со туна

Почувствувајте го вкусот на медитеранската кујна преку здравата и посна салата со туна. Овој пат ве водиме во раскошниот Медитеран и богаството од вкусови! Ги избравме најдобрите состојки и креиравме супер здрав оброк. 

Свежа зелена салата, домати, краставички, пиперка, маслинки, оригано, туна и новото Брилијант мешано масло за совршена салата. Идеална е како главен оброк за ручек или вечера. Лесна, летна, богата со витамини и минерали, и што е најважно приготвена во нашата кујна.

посна салата со туна

Состојки:

Подготовка:

  1. Зелената салата исечкајте ја на ленти.
  2. Доматите и краставицата исечкајте ги на коцки со големина од 1 см. Пиперката исечкајте ја во форма на прстени.
  3. Туната исцедете ја од маслото.
  4. Во 4 чинии ставете ги сечканата зелена салата, сечканите домати, краставицата и пиперката. Потоа додајте ја туната и маслинките во чиниите.
  5. Салатата зачинете ја со Брилијант мешано масло, оригано, морска сол и оцет баласмико. Уживајте во светот на вкусовите!
посна салата со туна

Препорака од авторот: 

„Лето, плажа и вкусни и лесни јадења! – Тоа е идеално, зар не? Оваа година нема да може да уживаме во морето, но затоа летната атмосфера ќе ја внесеме во својот дом. Направете декорации со школки, набавете квалитетни локални намирници и разубавете го ручекот или вечерата со оваа вкусна и здрава салата. Поканете ги најмалите, сечкајте, сервирајте и забавувајте се во кујната. Доловете го вкусот на медитеранската кујна и уживајте со најблиските.“ – вели Марија од нашиот тим која ја приготви здравата и посна салата со туна.

посна салата со туна

Сакате да разгледате повеќе идеи за салати, главни јадења и десерти? – Погледнете ги Instagram и Facebook профилите на Марија Кочовска и следете ја.

Ви препорачуваме да прочитате: Најдобриот рецепт за шеф салата.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: