Има периоди кога обожаваме да јадеме посно од разни причини, па повелете одличен и вкусен рецепт за посни ванилици со лимон! Се надеваме ќе уживате во секое залче!
Имаат арома на лимон, а по желба може да ги споите со мармалад и да направите да бидат уште поинтересни. Се прават супер лесно и баш брзо.
Состојки:
- 300 гр маргарин на собна температура
- 150 гр шеќер во прав за подготовка на колачиња
- околу 500 гр брашно
- сок од 1 лимон и ситно нарендана кора
- 1 кесичка ванилин шеќер
- мармалад по желба
- шеќер во прав по потреба за посипување на колачите.
Подготовка:
- Во сад за месење ставете ги маргаринот, шеќерот во прав, брашното и ванилиниот шеќер, па измешајте.
- Додајте го и сокот од лимон и малку од наренданата кора од лимон, па добро измесете ја смесатата. Тестото треба да биде со средна тврдина и не треба да се дроби, ниту да се рони.
- Така припременото тесто покријте го со најлонска фолија и оставете го да стои околу 20 минути.
- Откако тестото се одморило, формирајте кора и со помош на калапи формирајте колачи со форма по желба.
- Наредете ги во плех, кој претходно сте го обложиле со хартија за печење и оставете да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени, за време од 10 минути.
- Печените колачи треба да бидат со светла боја. Откако се изладат по желба залепете по 2 колачиња со мармалад и посипете ги со шеќер во прав. Ако пак не обожавате мармалад, само посипете шеќер во прав и уживајте во вкусот. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Ванилици со мармалад.