Освежителен десерт кој ќе го освои семејството, пријателите и друштвото! Тропскиот вкус се постигнува многу едноставно, па вака припремените посни кокос бомбици се идеално добри. Ќе уживате во светот на вкусовите!
Лесно и брзо е наш императив. За помалку од 30 минути ќе добиете 20 бомбици. Кој и да ги проба ќе го пофали вашиот труд!

Состојки:
- 2 поголеми зрели банани
- 50 грама кокос од Витаминка
- 1 рамно лажиче цимет од Витаминка
- 1/2 чаша поситни овесни снегулки или уште подобро измелени во мелница.
За валање/декорирање:
- кокос од Витаминка по потреба (околу 50 грама).
Подготовка:
- Бананите излупете ги и испасирајте ги со помош на кујнска лажица или со виљушка.
- Во садот со бананите додајте го кокосот и измешајте.
- Циметот распоредете го добро по целата површина на смесата и повторно измешајте.
- На крај, додајте ги и овесните снегулки и убаво соединете ја целата смеса.
- Од смесата, со помош на рацете оформете бомбици и веднаш по оформувањето извалајте ги во кокос.

Совет плус: За валањето да ви оди лесно, кокосот ставете го во подлабок сад и внимателно вртете ги бомбиците.
Ви препорачуваме да прочитате: Посни бомбици со кокос и пудинг.
*Спонзориран рецепт.