Потврдено најдобри зачини за силен имунитет

Потврдено најдобри зачини за силен имунитет

Сезоната на настинки и грипови е во полн ек. Иако, имунитетот е потребно да се одржува преку цела година, во овој период на имуниот систем му е потребна дополнителна помош за да се избори со бактериите и вирусите. Затоа е потребно да се внесува здрава храна, меѓу која се збројуваат и зачините. А, кои зачини за силен имунитет се препорачуваат, ви откриваме во текстот.

Одредени зачини имаат одлични антимикробни, антибактериски и антивирусни својства. Оваа зима поминете ја без настинка или грип со помош на лук, цимет, ѓумбир… Внесете ги најдобрите зачини за силен имунитет во секојдневната исхрана и зајакнете го имунитетот.

Потврдено најдобри зачини за силен имунитет

Лук

Иако има непријатен мирис, лукот е најдобрата одбрана против болестите. Некои дури и го нарекуваат природен антибиотик. Се јаде и свеж. Лукот е најчесто користениот зачин во многу јадења во кои се става сечкан или во прав.

Ѓумбир

Еден од омилените зачини и сојузник на човековото здравје. Го подобрува имунитетот, а и целокупното здравје. Се користи свеж или во прав. Од свеж и ѓумбир во прав, може да се направат разни чаеви во комбинација со лимон и мед.

Куркума

Куркумата е зачин со интензивно жолта боја. Со векови се користи како помош при настинки. Богат е со витамин Ц, магнезиум, растителни влакна, витамин Б6 и железо. Помага и против анксиозност и депресија.

Каранфилче

Каранфилчето има антивоспалителни и антибактериски својства. Освен тоа, претставува одличен антиоксиданс, го јакне имунитетот и го штити здравјето на срцето. Се користи во многу јадења, како и во варено вино.

Цимет

Скоро и да нема човек кој не сака цимет, особено ако е во комбинација со мед. Циметот сам од себе е здрав зачин, а заедно со медот уште повеќе помага за силен имунитет. Оваа комбинација се користи долги години и не само што позитивно влијае на здравјето, туку е и многу вкусна.

Ви препорачуваме да прочитате: 4 семиња кои секогаш треба да ги имате во вашиот дом.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: