Секако, зависно од сезоната, може да ги направите и со спанаќ или штавеј, како што ви е згодно и најдобро по вкус. А, ако сепак се одлучите да ја пробате оригиналната верзија на нашите потпечени тестенини со фил од блитва, сигурни сме дека ќе уживате во вкусот како и ние.
Кога го креиравме рецептот, сакавме да биде хранлив, но и колоритен, очите се првото сетило со кое „јадеме“. Од нашата кујна, пробајте ги и пишете ни како ќе ви се допаднат!

Состојки:
- 250 гр безглутенски макарони
За фил:
- 10-тина листови блитва
- 200 гр сирење
- 4-5 помали доматчиња (или 2-3 поголеми домати)
- 3 јајца сол
- црн пипер по вкус
- 1 лажиче чили
- 1-2 лажици оригано по вкус.
За поросување:
- 100 гр рендан кашкавал
- сусам по потреба.
Подготовка:
- Макароните прво сварете ги во посолена вода. Веднаш откако ќе се сварат исцедете ги и тргнете ги на страна.
- Во меѓувреме измијте ја блитвата и ситно исечкајте ги листовите на лентички. Ставете ја во поголем сад.
- Сирењето изрендајте го, а доматите измијте ги и исечкајте ги на ситни коцки.
- Во садот со блитвата додајте го и ренданото сирење, сечканите домати, јајцата, црниот пипер и чили зачинот, ориганото и измешајте добро.
- Претходно сварените и исцедени макарони, измешајте ги со филот. Ставете ги да се печат во тава обложена со хартија за печење.
- Потпечете ги во загреана рерна на 200 степени додека заруменат, а пред крајот на печењето извадете ги и посипете со ренданиот кашкавал и сусам по желба, па печете уште 10 минути. Ќе добијат прекрасен изглед и боја, на здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Потпечени безглутенски макарони со фил од печурки и прелив од кисело млеко.