,,Брз лесен појадок за енергичен ден добро ќе дојде за секого, па топло препорачувам да го пробате. Едноставен и совршен за секоја возраст и занимање!” – срдечно споделува Катерина Шамбевска Спасеновска од нашиот тим.
И додава: ,,Претходно веќе ви имам споделено слична варијанта на оброк кој е дел од мојата утринска рутина, а во последно додавам лажичка инулин за нутритивно да го збогатам оброкот, затоа што истражував дека е корисен, а моето мото за здравјето е превенција пред лекување. Од она што истражив дознав дека:
- Инулинот помага за подобро искористување на хранливите материи
- Ги поттикнува добрите бактерии
- Дава чувство на ситост и помага за регулирање на тежината
- Корисен е за регулирање на шеќерот во крвта и уште многу нешта.”

Состојки:
- 40 г овес или околу 4 лажици
- 1 лажица чиа семе
- 1 лажиче ленено семе
- 1 лажиче семки од тиква
- 10-тина зрна суво грозје
- 1 лажиче цимет
- 10 сечкани ореви
- 1 лажиче инулин
- 10-тина зрна аронија
- 200-250 мл јогурт
- по желба сезонско овошје.
Подготовка:
- Ставете ги сите суви состојки во чинија.
- Додајте ги инулинот, аронијата и јогуртот и убаво измешајте. На здравје!

Совети плус:
- Оброкот може да го припремите порано и да стои во фрижидер.
- По желба додајте сезонско овошје, но овошјето сепак препорачувам да се додаде непосредно пред јадење.
- Ако обожавате поблаго, додајте 1 лажиче мед.
- Инулинот го набавувам од онлајн продавницата на Тримекс со бесплатна достава, а исто така е достапен во сите поголеми аптеки. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.
- Видео подготовката на рецептот може да ја погледнете тука.

Препорака од авторот:
Ако ви се допадна рецептот, разгледајте ги моите профили каде објавувам испробани рецепти креирани во мојата кујна и заследете ме:
- Instagram:@katerina.shambevska
- Facebook: Katerina Sambevska Spasenovska.
Автор на рецепт и фотографии: Катерина Шамбевска Спасеновска, @katerina.shambevska.
Повели корисни линкови од претходни истражувања за инулинот, ако те интересира да дознаеш повеќе зошто го избрав да биде дел од моето мени:
- Што е инулин и зошто е добар за здравјето?
- Инулин за подобро варење и баланс на микрофлората во цревата
- Инулин за подобра дигестија и намалување на апетитот.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Поддржан текст.