Се подготвувате за празниците и во потрага сте по свечени и богати јадења кои се подготвуваат лесно и без комплицирани инструкции? – На вистинското место сте. Сѐ за храна и оваа година ви ги нуди најдобрите празнични рецепти. Подгответе вкусен француски терин со мелено месо и фстаци кој ќе биде вистински украс на празничната трпеза.
Сочното мелено месо во комбинација со крцкавите фстаци и вкусната пршута го прават овој специјалитет совршен избор за празничната трпеза. На вас останува само да си набавите квалитетно мелено месо и да одвоите малку време. А, тоа што овој рецепт се подготвува еден ден порано е уште еден бонус плус за да бидете слободни за време на празниците и без брзање да му се препуштите на уживањето.

Состојки:
- 1 кг мелено месо од Агриа (во сооднос 50:50)
- 250 г (околу 20 парчиња) долги ленти пршута или сланина
- 1 големо чешне лук
- 2 лажички ситно сечкана мајчина душица
- ¼ чаша сечкан свеж босилек
- 85 г грубо сечкани фстаци
- сол и црн пипер по вкус.
Подготовка:
- Калапот за леб (10 * 22 см) обложете го со хартија за печење. Оставете поголема должина од хартијата за да го прекрие теринот од горниот дел.
- Потоа наредете 12 – 14 парчиња пршута врз хартијата кои ќе бидат доволно долги да го прекријат теринот.
- Во длабок сад ставете го меленото месо и зачинете со ситно сечкан лук, мајчина душица, свеж босилек, сол и црн пипер по вкус. Преостанатите парчиња пршута ситно исечкајте ги и додајте ги во смесата со мелено месо. Фстаците исечкајте ги на крупни парчиња и додајте ги во смесата.
- Вака подготвеното мелено месо ставете го врз пршутата во калапот за леб и добро притиснете го за да се распореди рамномерно. Со парчињата пршута прекријте го горниот дел на теринот, а потоа обложете го со хартија за печење.
- Калапот ставете го во сад за печење. Садот за печење наполнете го со топла вода во висина до половина од калапот за леб.
- Печете во претходно загреана рерна на 180 степени со вентилатор околу 90 минути.
- Откако теринот ќе се испечи, извадете го калапот од садот за печење и потиснете го со тежок сад. Оставете го да се излади на собна температура, па ставете го во фрижидер преку ноќ.
- Наредниот ден отстранете ја хартијата за печење и сервирајте го со ливчиња свеж босилек, рузмарин, маслинки и феферони. На здравје!
Наша препорака:
За да го направите највкусниот терин, ви препорачуваме да користите свежо мелено месо од Агриа, во сооднос 50:50. Посетете ги месарниците на Агриа во Битола, Велес или Штип и замолете ги вработените да ви подготват 1 кг мелено мешано месо (500 г свинско и 500 г телешко). Од Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна која доаѓа од македонските полиња, а месото е секогаш свежо и со врвен македонски квалитет кој се должи на принципот од „нива до трпеза.“ Покрај изборот на месо за подготовка на теринот, важно е да користите и свежи зачини за да се постигни посакуваната арома и вкус. Уживајте во празниците и богатата трпеза!

Ви препорачуваме да прочитате: Канелони со мелено месо во доматен сос.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.