мигрена главоболка

Прва помош без лекови, при мигрена

Мигренозните главоболки се манифестираат со интензивни и остри болки, често еднострани, а понекогаш проследени со мачнини. До денес не се знае кои се точните причини за појавата на мигрената, но најголем дел од експертите сметаат дека мигрената е наследна и може да биде предизвикана од многу фактори. Најчестите предизвикувачи на мигрена се промените во ритамот на спиење, прескокнувањето на оброците, како и изложеноста на силна светлина или бучава.

Доколку пречесто земате аналгетици без рецепт, на крај можете само да ги влошите главоболките, бидејќи го намалувате прагот на чувствителност на болка, велат од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Питсбург. Тие препорачуваат да се земаат апчиња најмногу два пати неделно. Доколку имате почеста потреба од таблети за главоболка, задолжително е да се консултирате со лекар. Но, пред да земете било каков лек, обидете се со една од следните стратегии за намалување на болката.

Ставете мраз

Ладните облоги на краткорочен план успешно го решаваат проблемот, поврзан со главоболката бидејќи го намалуваат воспалението. На секој час, ставајте мраз на болното место и држете го 10 до 15 минути. Мускулите на вратот и рамениците исто така можат да се воспалат или да станат иритирани поради главоболката, па дури и самите да предизвикаат главоболка. Ако мразот не ви помага, пробајте да ја излечете главоболката со етерично масло од каранфилче.

мигрена

Направте акупресура на раката

Едно тајландско истражување покажало дека акупресурата може да ја намали болката, предизвикана од хроничните главоболки. Забележано е дека на некои луѓе им помага кога со помош на десниот палец и показалец нежно го притискаат просторот помеѓу левиот палец и показалец. Исто така, покрај овие методи, дознајте кои се најдобрите природни лекови за главоболка.

Редовно вежбајте и пазете на исхраната за да ги спречите идните главоболки

Редовната физичка активност може да помогне во отстранувањето на мигренозните главоболки исто колку и лековите. Тоа е утврдено со едно шведско истражување. Луѓето, кои вежбале по 40 минути три пати неделно, доживувале еднакво олеснување како и луѓето, кои за ублажување на болките пиеле лекови. Освен намалување на главоболките, со физичката активност може да го подобрите целокупното здравје.

Мигрената може да се појави ако прескокнувате оброци. Избегнувајте го консумирањето на алкохол (пиво, црвено вино) и намалете го внесувањето на кофеин.

Ви предлагаме да прочитате: Природни начини да ја ублажите мигрената.

Сподели: