Драги читатели, во соработка со козметичкото студио Бела Дона, Битола припремивме одлична предновогодишна акција. Добијте два класични третмани за чистење на лицето, обликување на веѓи или надусници и масажа на лицето, вратот и деколтето со времетраење од 20 минути при секој третман, по промотивна цена од 1000 денари. Закажете термин на 075 861 907, секој работен ден од 10 до 17 часот. И не заборавајте, понудата може да ја користите сами во два наврати или да ја поделите со пријателката и предновогодишно заедно да се разубавите и расположите!
Што добивате од третманите за лице?
Овие третмани се хигиенски третмани наменети за темелно чистење на кожата од вишокот на себум (маснотии) и наталожените мртви клетки на површината на кожата. Придобивките од овие третмани се состојат во тоа што после третманот кожата е чиста, со зголемена циркулација на крв во поткожното ткиво. Ова пак го зголемува дотурот на кислород до клетките и моќта на кожата за апсорпција (впивање), кое им помага на активните состојки од препаратите да навлезат во кожата и да го остварат своето целосно дејство.

Со класичниот третман добивате:
- длабинско прочистување
- хидратација
- регенерација
- потхранување на кожата.
Третманот се одвива во неколку чекори:
Најпрво се одредува типот на кожа и потоа се пристапува кон темелно чистење. Чиста, свежа и ослободена од нечистотии, вашата кожа ќе биде подготвена да ги впие сите корисни активни состојки. Третманот продолжува со апликација на соодветна маска, која ја детоксицира кожата и дава нова сила и баланс.
На крај, следува масажа со која максимално ќе се опуштите и по само неколку минути вашите сетила ќе се смират, а дишењето на кожата ќе се стабилизира.
Разубавете се во пресрет на новогодишните празници! Понудата за 2 третмани на лице, обликување на веѓи или надусници, и масажа на лицето и вратот, со промотивната цена од 1000 денари трае до крајот на месец Декември, а може да ја искористите заедно со вашата пријателка. Закажете термин на 075 861 907, секој работен ден од 10 до 17 часот.
Ви предлагаме да прочитате: 5 намирници за убава кожа.