Овој пат со светот на вкусовите патуваме во Азија, Кина од каде ви го претставуваме рецептот за популарниот пржен ориз со пилешко месо! Предобра комбинација за брз и хранлив ручек или вечера која веруваме дека ќе ве освои на прв залак!
„Обожавам да готвам јадења од интернационалната кујна, а овој пат се одлучив да ја презентирам азиската кујна преку рецептот за пржен ориз со пилешко. Подготовката е едноставна и ве предизвикувам да го направите во првата прилика.“ – вели Марија.

Состојки:
- 3 чаши варен ориз со долго зрно (најдобро е да користите басмати)
- 350 г пилешки стек
- 4 лажици Брилијант масло
- 1⅓ чаша замрзната златна мешавина (грашок, морков и пченка)
- 3 страка сечкан млад кромид
- 1-2 чешниња лук
- 2 јајца
- 3 лажици соја сос од Витаминка
- морска сол и мелен црн бибер од Витаминка.
Подготовка:
- Стекот исечете го на коцки со големина 1,5*1,5 см.
- Во вок или голема нелеплива тава ставете 2 лажици масло да се загрее на умерено висока температура. Додајте го пилешкиот стек, зачинете со сол и црн бибер и пропржете го за време од 5-6 минути. Стекот извадете го во чинија.
- Во тавата додајте 2 лажици масло. Додајте ја златната мешавина и сечканиот млад кромид. Пржете ги околу 1-2 минути, а потоа додајте го лукот. Продолжете со пржење уште 1 минута.
- Јајцата изматете ги со виљушка.
- Зеленчуците тргнете ги на страна и во средината додајте ги јајцата. Мешајте со шпатула, исто како да правите кајгана, но овој пат треба да добиете помали парчиња од јајца.
- Во тавата додајте ги пилешкиот стек, оризот и соја сосот. Зачинете со сол и мелен црн бибер. Пропржете уште 3 до 4 минути. Топлиот пржен ориз со пилешко послужете го со срирача по желба. Уживајте во светот на вкусовите!

Совети плус од авторот:
- За подготовката може да користите и кочански ориз. После варењето измијте го неколку пати со ладна вода за да се намали содржината на скроб.
- Ако сте љубители на пикантни јадења, пржениот ориз со пилешко послужете го срирача сос.
- За сите прашања околу подготовката и состојките пиши ми на Инстаграм – @kocovska.marija или на Facebook. А ако ти треба инспирација за други рецепти разгледај го мојот профил на Инстаграм и заследи ме.
- И за крај, штом го направиш рецептот, ќе ми биде мило да ја споделиш твојата фотографија во групата Сѐ за храна или да ми ја испратиш во порака. Со задоволство ќе ја споделам на стори и ќе ги мотивираме и останатите да го испробаат овој рецепт. Биди креативен, дегустирај и истражувај го светот преку храната!“ – додава Марија.

Автор на рецептот и фотографиите: Марија Кочовска, @kocovska.marija.
Ви предлагаме да прочитате: Пилешко со печурки во кари сос.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.