Освен што е здраво за консумација, лененото масло како да е создадено за нега на кожата! Посебно се препорачува за сува и чувствителна кожа, кожа која е перутава или ѝ недостига свежина и сјај. А, она што посебно нè интересира сите нас е секако, свежото и мазно лице, па истражувавме и откривме како лесно да го постигнете тој ефект. Еве едноставен и природен начин за домашен третман со ленено масло за кожа без брчки!
Третманот е повеќе од едноставен, но упорноста и секојдневното практикување се значајни за успешни резултати. Пред да преминеме на истиот, споделуваме со вас неколку корисни и едукативни информации, кои ќе ве мотивираат редовно да ја практикувате оваа мала рутина со позитивен ефект. Лененото масло е богато со омега 3 масните киселини кои се важни за хранење на кожата и нејзино навлажнување. Лесно и брзо се апсорбира. Помага за заздравување на ранички на кожата од акни, одлично е против егзема, псоријаза, перутавост и за пополнување на ситните брчки.

Како правилно се нанесува?
Потребно:
- чисто парче памук
- ладно цедено масло од лен по потреба.
Начин на нанесување и препораки:
- Препорачливо време за нанесување е навечер пред спиење за да има време кожата да ги прими хранливите состојки. Како припрема, најпрво измијте ги лицето и вратот со млака вода и средство за чистење кое е соодветно за вашата кожа. Препорачуваме да користите природни сапуни за миење на лицето. Од палетата на Фила достапни се сапун со ладно цедено масло од лен, сапун со ладно цедено масло од тиква, сапун со ладно цедено масло од сусам, сапун со ладно цедено масло од црно семе и сапун со ладно цедено масло од чиа.
- Лицето исушете го со лесно тапкање. Тоа спречува иритација на кожата, а ова е посебно важно ако имате чувствителна кожа.
- Потоа, натопете парче памук со ладно цедено масло од ленено семе и со нежна масажа, премачкајте го целото лице и вратот.
- Оставете го маслото да се впие барем 10-тина минути и потоа може да си легнете.
Наша препорака:
Ако се одлучите да го пробате овој третман или да го вклучите во исхраната, ви препорачуваме да го изберете квалитетното ладно цедено масло од лен од Фила, кое може да се најде во поголемите маркети низ Македонија. Исто така, може да ја посетите и онлајн продавницата, каде што може да купите ленено масло од 250 мл и ленено масло од 500 мл по најповолни цени. Неговото поволно дејство ни е испробано и сме утврдиле дека делува, а за сите прашања кои ги имате во врска со користењето на лененото масло, слободно пишете ни на info@sezahrana.mk
Ви препорачуваме да прочитате: Масло од лен за намалување на холестеролот и високиот крвен притисок.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.