Сте пробале голем број рецепти и лекови, но не сте пронашле нешто што навистина делува? Пробајте го овој природен чај за искашлување од ленено семе и мајчина душица, кој сигурно ќе ви помогне да ја разблажите и исфрлите насобраната слуз од белите дробови.
Кашлањето може да биде предизвикано од вирусна, бактериска инфекција или алергија. Без разлика дали се работи за сува или влажна кашлица, таа е непријатна и го попречува нашиот секојдневен живот. А чаевите се особено корисни поради тоа што го хидрираат организмот и помагаат за подобро искашлување.

Ленено семе – ефикасна помош за сува и влажна кашлица
Лененото семе помага во ублажување на болките во грлото и претставува исклучително ефикасен природен лек за подобро отстранување на слузта и кај децата и кај возрасните.
Мајчина душица – природен лек за ублажување на кашлицата
Популарното медитеранско растение мајчина душица долго време се користи во медицината за ублажување на кашлица, бронхитис и сите заболувања поврзани со респираторниот систем. Познато е дека има антибактериско, антимикробно, антифунгално и антиинфламаторно дејство. Без разлика дали станува збор за сува, надразнувачка или влажна кашлица, мајчина душица ќе ви помогне да се ослободите од неа и да ја ублажите непријатната болка во грлото. Затоа, комбинацијата на овие две состојки ќе ви биде од голема корист за полесно да ја исфрлите насобраната слуз во белите дробови.
Состојки:
- 3 лажици ленено семе
- 1 лажица сува мајчина душица
- ½ л вода.
Подготовка:
- Во сад ставете 3 лажици ленено семе и прелијте го со половина литар вода. Ставете го садот на оган. Откако ќе зоврие, оставете да се вари околу 10 минути.
- Потоа додајте една лажица сува мајчина душица. Исклучете го шпоретот и оставете да отстои во покриен сад околу 20 минути.
- Потоа, процедете го чајот. Пијте по една или две голтки неколку пати на ден.
Ви препорачуваме да прочитате: Кога и каков чај треба да пиете?