salata so kinoa i jajca

Пролетна салата со киноа и јајца

Пролетна идеја за вкусна, вегетаријанска и витаминска салата со киноа и јајца, која изобилува со протеини ни доаѓа од кујната на Диана.

Таа ги искористи полезните својства на киноата, чудотворната куркума која не е толку застапена во нашата кујна и јајцата за да направи убава салата. Салатата може да ја послужите како мезе со парчиња топло печен леб.

салата со киноа и јајца

Состојки:

  • 1 чаша варена киноа
  • 3 големи тврдо варени јајца
  • ¼ чаша магдонос
  • 1 страк млад кромид
  • ¼ до ½ мала лажичка куркума
  • 3 лажици кисело млеко
  • 1 мала лажичка свежо цеден сок од лимон
  • 1 лажица масло
  • ½ мала лажичка сол
  • лук во прав и црн пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Варените јајца ситно се сечкаат.
  2. Во длабок сад се ставаат сечканите јајца, магдоносот и ситно сечканиот кромид. Смесата се меша.
  3. Потоа во садот се додава варената, цедена и изладена киноа и повторно се меша.
  4. Салатата се зачинува со кисело млеко, масло, куркума, сол, лук во прав и мелен црн пипер по вкус. Се меша и се додава свежо цедениот сок од лимон. Вака приготвената салата се сервира во чинии и се поросува со варена киноа, рендана жолчка и малку млад кромид.
  5. Дополнително може да се послужи со свежа салата и печени ржани лепчиња. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Перуанска салата со киноа и домати.

Сподели: