Пролетно освежување и полна вкусна чинија на трпезата! Пробајте го нашиот нов рецепт за пролетна свежа салата со прелив од мајонез и павлака.
Можеби досега не сте пробале ваква комбинација, а ние гарантираме дека ќе ви се допадне. Домашниот прелив од мајонез потсетува на сосот за цезар салата, а тоа е доволна причина за да го направите во првата прилика.
Состојки:
- 2 домати
- 1 краставица
- ½ главица црвен кромид
- 1 зелена пиперка
- 3-4 роктвици
- ½ лута пиперка по желба
- млад кромид и гранче свеж магдонос за декорација.
За прелив со мајонез:
- 1 лажица бела винска киселина
- ¼ чаша мајонез
- ½ чаша кисела павлака
- 2 лажици магдонос
- сол по вкус
- мелен црн пипер по вкус.
Подготовка:
- Доматите измијте ги и исечете ги на осминки.
- Краставицата добро измијте ја и излупете ја по желба. Потоа исечете ја на тенки кругови.
- Кромидот исечкајте го на мали коцки.
- Пиперката и ротквиците исечете ги на ленти.
- Во длабок сад ставете ги сечканите домати, краставицата, кромидот, пиперката и ротквиците. Измешајте ги со лажица. По желба во садот додајте ситно сечкана лута пиперка.
- Во мал длабок сад ставете го мајонезот, киселината и павлаката. Измешајте ги состојките со лажица.
- Магдоносот ситно исечкајте го и додајте го во садот со мајонезот. Посолете по вкус и зачинете со мелен црн пипер. Измешајте го сосот додека се добие хомогена смеса.
- Вака приготвениот сос додајте го во садот со зеленчуците и измешајте.
- Готовата свежа салата со прелив од мајонез ставете ја во чинии. Декорирајте ја со сечкан млад кромид и гранче свеж магдонос, а потоа послужете ја. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Капрезе салата со рукола, маслинки и песто.