редена мимоза салата

Редена мимоза салата

Некој можеби пробал, а некој не, како и да е оваа салата е многу вкусна, освежителна и хранителна. Некој и дал свое име, а ние ја нарековме редена мимоза салата. Повикајте друштво и обавезно пробајте ја!

Оваа доза е доволна за 2 лица. Доколку сакате поголема количина слободно земете двојна доза од состојките. Ви препорачуваме за време на припремањето на салатата, за секоја од состојките да користите одделни садови и на крај да ги сервирате во чинијата во која ќе ја послужите. Еве на кој начин ја подготвивме ние.

редена мимоза салата

Состојки:

  • неколку листови свежа салата (салатка, марулка)
  • 3 варени јајца (2 рендани и 1 за декорација)
  • 200 мл павлака
  • 1 поголем варен компир или 2 помали компири
  • 150 гр рендано биено сирење (по желба може и со бело)
  • 50 мл мајонез.

Подготовка:

  1. Убаво измијте ги листовите свежа салата и оставете ги малку да се исцедат од заостанатата вода, а потоа врз кујнска даска исечете ги рамномерно на парчиња со ширина од 1 см.
  2. Јајцата најпрво сварете ги, а потоа две од нив изрендајте. Едно од јајцата оставете го цело и пред сервирање сечете го на четири парчиња по должина.
  3. Компирот излупете го, сварете го и на крај изрендајте го.
  4. Сирењето изрендајте го и околу 100-тина грама оставете го за сервирање, а останатите 50 грама ставете ги во посебен сад.
  5. Во садот во кој сте го издвоиле ренданото сирење, додајте го и ренданиот варен компир, ренданите јајца, мајонезот и павлаката (од неа издвојте една топка за декорација), па убаво измешајте ги состојките за да се соединат.
  6. Во голема плитка чинија, започнете со сервирање на редената мимоза салата. Во средината ставете ја крем салатата, а од горе декорирајте ја со топката павлака која претходно сте ја издвоиле. Исечената зелена салата ставете ја од двете страни на чинијата, а помеѓу неа ставете ги ренданите јајца и ренданото сирење.

Ние практикуваме што поздрави избори на храна, па при подготовката не употребивме сол, а вие по желба може да додадете согласно со вашиот вкус. Уживајте во декоративната и многу вкусна мимоза салата, а овој пат редена и подготвена на наш начин. На здравје!

Сподели: