Освежителен вкус кој потсетува на лето. Доколку сѐ уште немате пробано реден рататуј со зеленчук, ова лето ви предлагаме да го подготвите и да му приредите вистинска гозба на вашето семејство. Изобилува со сезонски зеленчук, па совршен е за сите оние кои внимаваат на својата линија. А во комбинација со маслиновото масло ова јадење е совршен и комплетно избалансиран вегетаријански оброк.
Ова вкусно француско јадење ни доаѓа од срцето на Прованса. Изобилува со домати, пиперки и тиквички, па претставува совршен летен оброк. Може да го послужите како самостоен оброк за појадок или лесна вечера со палента, а во комбинација со месо како вкусен ручек за целото семејство.

Состојки:
- 350 г модри патлиџани
- 350 г тиквички
- 350 г црвени пиперки
- 350 г жолти или зелени пиперки
- 500 г пелати или доматно пире
- 350 г црвен кромид
- 3 чешниња лук
- 6 лажици Брилијант маслиново помас масло
- мајчина душица по желба
- ловоров лист
- 1 лажица балсамико оцет
- морска сол и мелен црн пипер од Витаминка по вкус.
Подготовка:
- Модрите патлиџани, тиквичките, половина од пиперките и кромидот темелно измијте ги и исечете ги на кругови. Преостаната половина од пиперките измијте ги и исечкајте ги на стапчиња.
- Во тава на оган, на загреано Брилијант маслиново помас масло кратко запржете ги пиперките и кромидот, па додајте ги пелати доматите или доматното пире.
- Чешнињата лук ситно исечкајти ги и заедно со морската сол, мелениот црниот пипер, ловоровиот лист и мајчината душица додајте ги во тавата.
- Тавата покријте ја и оставете сосот да се готви околу 40 минути на ниска температура.
- Модрите домати, преостанатите пиперки и тиквичките посебно запржете ги на 2 лажици маслиново масло. Во тава за печење додајте го доматниот сос и 1 лажица балсамико оцет, а потоа наредете ги модрите патлиџани, пиперките и тиквичките.
- Печете во загреана рерна на 200 степени за време од 15 минути. Редениот рататуј украсете го по желба со сечкан млад кромид. Уживајте во светот на вкусовите!
Ви препорачуваме да прочитате: Најдобриот рецепт за шеф салата.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.