Италијанската кујна е неодолива во секој случај! Сте слушнале ли некогаш, било кој да рече дека не му се допаѓа?! Скоро и да нема такви луѓе, па еве еден многу вкусен рецепт за домашни њоки во доматен сос!
Може да ве интересира: Домашни равиоли со пилешко во сос од павлака.

Состојки:
За тесто:
- 200 гр рикота сирење
- 100 гр брашно
- малку сол
За сос:
- околу 150-200 мл погуста доматна салса со босилек
- 1 лажица путер
- 2 лажици рендано грана сирење
- 1 чешне лук.
Подготовка:
- Започнете со подготовката на тестото за њоките. Во сад ставете го брашното, рикотата и малку сол, па замесете тесто. Тестото поделете го на помали топчиња. Секое топче со раце издолжете го и исечете на помали парчиња.
- Направете го сосот. Во тава на оган ставете го путерот да се растопи. Додајте ја доматната салса и сечканото лукче. Откако салсата ќе прокрчка додајте го грана сирењето.
- Додека го подготвувате сосот паралелно ставете вода со малку сол да зоврие.
- Во зовриената вода ставете ги њоките да се варат. Готови се штом излезат на површината на водата.
- Сварените њоки ставете ги во сосот. Измешајте и сервирајте со наросување на малку грана сирење. На здравје!
- Препорака плус од Катерина: „Количината на доматната салса не ја мерев прецизно, значи од око ставив 150-200мл. Доколку не најдете готова салса со босилек, можете да си додадете ситно сечкани ливчиња свеж босилек.“
Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.
Ви препорачуваме да прочитате: Домашни кори со спанаќ (рецепт за јуфки).