Рж – житарица богата со минерали 1

Рж – житарица богата со минерали

По пченицата, ржот е најважна житарица. Се смета дека потекнува од Турција или Авганистан, каде што се уште расте во дивината, а долго време се сметала за плевел и сточна храна.

Хранливи вредности на ржот

Ржот содржи малку глутен, што е значајно за сите кои се осетливи на оваа состојки. Оваа житарица по својата морфолошка градба и состав е најслична со пченицата и изобилува со квалитетни витамини и минерали. Во 100 грама има 344 калории, 10 грама протеини, 6,5 грама масти и 56 грама јагленихидрати.

Ржот е богата житарица со минерали како манган, селен, калиум, фосфор, магнезиум, железо и цинк. Покрај тоа, тој е одличен избор витамините од групата Б, како и витамин Е. Од витамините од групата Б, особено е богат со:

  • пантоненска киселина (1,5 мг) со што се задоволуваат 29% од дневните препорачани количини
  • ниацин (4,3 мг) со што се задоволуваат 27% од ДПП
  • тиамин (0,3 мг) со што се задоволуваат 26% од ДПП
  • рибофлавин (0,3 мг) со што се задоволуваат 19% од ДПП
  • и Б6 (0,3 мг) со што се задоволуваат 17% од ДПП.
рж

Лековити својства на ржот

Карактеристично за ржот е тоа што содржи помал процент на скроб од пченицата и има помал гликемски индекс, што го прави погодна храна за дијабетичари.

Како и другите житарици богат е со растителни влакна кои се корисни за регулирање на варењето на храната, стабилизирање на шеќерот во крвта, а имаат позитивен ефект за намалување на холестеролот.

Благодарение на растителните лигнани, ржот е дел од намирниците за кои се смета дека превенираат појава на рак на дојката и другите карциноми кои се предизвикани од промените на хормоните, а имаат позитивно дејство кај срцевите заболувања.

Има позитивно дејство при анемија, тегови за време на климакс, мигрени, запек, подобрување на крвта и работата на нервниот систем.

Ви предлагаме да прочитате: Брзо лепче со ржано брашно.

Сподели: