Доколку имате повеќе варени јајца, а не знаете како да ги искористите, ви предлагаме да ги направите овие вкусни ролнички од месо и варени јајца.
Одлични се за празничен ручек или како додаток за динстан зеленчук, мезе и слично. Рецептот го најдовме на страницата на нашата пријателка Лана, од блогот Kuhinjica Mignone. Уживајте во вкусот и на здравје!
Состојки:
- 600 гр телешки шницли
- 4 варени јајца
- Малку сенф
- 50 мл бело вино
- Сол и црн пипер по вкус.
Подготовка:
- Шницлите исчукајте ги за да станат потенки.
- Потоа поросете ги со црн пипер и сол од двете страни, а од едната страна намачкајте и сенф.
- Врз секоја шницла ставете по едно варено јајце и замотајте ја во ролна, па прицврстете на неколку места со помош на чепкалки за заби.
- Во тава на оган загрејте масло и во него ставете ги да ролничките кратко да се пропржат од сите страни, па додајте го виното и малку вода, поклопете го и динстајте на тивок оган околу 30 минути за месото да омекне.
- Готовите ролнички извадете ги во чинија за сервирање, а сокот кој го пуштиле, со малку густин можите да го претворите во сос и да го додадете заедно со прилог од зеленчук.
На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Печено полнето телешко месо.