ролован свински бут

Ролован свински бут со печурки и кашкавал – од кујната на Марија Кочовска

Празничната трпеза е срцето на секое семејно собирање, а главното јадење секогаш ја има најважната улога. Овој ролован свински бут е создаден токму за тие моменти – свечен, богат и впечатлив. Сочно месо, ароматичен фил од печурки и растопен кашкавал, обвиткани со крцкава сланина и заокружени со пикантна глазура, го прават овој рецепт вистинска ѕвезда на празничната трпеза.

Финалната глазура од сенф, соја сос и чили сос му дава сјајна кора и благ пикантен шмек, што го прави идеален избор за свечени ручеци и семејни празници.

ролован свински бут

Состојки:

За глазурата:

  • 1 лажица сенф
  • 1 лажичка соја сос
  • 1 лажичка чили сос
  • Малку маслиново масло.

Подготовка:

  1. Свинскиот бут расечете го по должина (како книга) и исчукајте го за да добиете рамномерна дебелина.
  2. Во мал сад измешајте ги зачините и рамномерно распоредете ги врз месото, нежно втријувајќи ги.
  3. Наредете ги листовите салама, печурките и ренданиот кашкавал, па внимателно завиткајте го месото во ролат.
  4. Во тава ставете алуминиумска фолија, врз неа хартија за печење, па поставете го ролатот и накрсно наредете ја сланината. Завиткајте добро.
  5. Печете во загреана рерна на 200°C околу 60 минути.
  6. Извадете го ролатот, внимателно отворете ја фолијата и хартијата.
    Во мал сад измешајте ги состојките за глазурата и премачкајте го ролатот.
    Вратете го во рерна уште 10–15 минути, непокриен, за да добие златна и сјајна кора.
  7. Пред сервирање, оставете го да одмори 10 минути, декорирајте со свеж рузмарин и лимон, исечете и послужете топло. На здравје!

Совети од авторот

  • Оставете го ролатот да „одмори“ пред сечење – така ќе остане сочен.
  • За поинтензивна боја, последните неколку минути кратко вклучете го горниот греач.
  • Совршено се комбинира со печени компири, пире или свежа салата.

Препорака од кујната

Во овој рецепт се користени свински бут и чадена сланина од Агриа, познати по висококвалитетно месо од домашно производство. Свежината и текстурата на месото се клучни за ролат кој ќе ја украси секоја празнична трпеза.

Посетете ги месарниците на Агриа во Битола, Штип и Велес или пронајдете ги нивните производи во маркетите Тинекс, Рамстор и Кит-Го.

Ролован бут со кашкавал

Испробај и други празнични рецепти:

Погледни уште празнични идеи и заследи ме:

*Рецептот е поддржан од Агриа.

Сподели: