Совршени за појадок! Толку убави што ќе ви до подобрат расположението, а дека ќе го израдуваат стомакот тоа е најсигурно! Кога немате идеја што вкусно да појадувате, а посебно за време на викенд, предлагаме да си направите лесни ружички од готови кори со солен фил. Вкусни и тоа многу!
И Весна ни потврди: „Ружичките се превкусни, миризливи, крцкави…Се подготвуваат брзо и лесно, а многу се декоративни.“ Исто така ни кажа „ Навистина се декоративни, а и вкусни. Мене ми фалеше малку сол, вие како сакате. Павлаката треба да е густа, да не се растече филот. Е сега за корите вие си знаете кои, треба да се убаво еластични, а никако кршливи.“

Може да ве интересира: Полнети триаголници од готови кори.
Состојки:
- 500 гр готови кори
- 50 мл масло
- 100 мл кисела вода
- 100 мл јогурт или кисело млеко
За фил:
- кисела павлака по потреба
- мортадела по потреба
- 1 пиперка
- малку магданос
- малку сол
За одозгора:
- 1 жолчка
- малку масло
- малку магданос и афион за украсување.
Подготовка:
- Се подготвуваат маслото, водата и јогуртот/киселото млеко.
- Исто така, се подготвува филот, пиперката и мортаделата се сечкаат ситно, па се мешаат сите состојки со павлаката.
- Секоја кора се сече дијагонално, секое парче се фаќа во средина и се врти во круг.
- Се прска од течноста, се става од филот во средината, се затвора со преклопување, па се превртува. Се добива ружичка, ако е многу затворена, малку подотворете ја.
- На секоја од ружичките капнете по малку масло. Премачкајте ги со жолчката и се печете на 200 степени околу 15-20 минути, зависно од шпоретот.
- Кога ќе се изладат, ставете гранче магдонос на секоја ружичка. На здравје!
Рецептот го испратил: Весна Рор, vesnarohrrecepti.com.
Ви препорачуваме да прочитате: Полжавчиња од готови кори со спанаќ и сирење.