Крцкави, топли и многу вкусни! А што е поважно овие полнети триаголници се прават со готови кори и нема месење.
Имаат вкус на домашна пита, а се спремаат многу брзо, но и се јадат исто така. Може да ги послужите со сос по желба за друштво со пријателите. А ако ги јадете за појадок, одлично се вклопуваат со чаша јогурт.

Состојки:
- 500 грама спанаќ
- 500 грама изварка
- 50 грама путер
- 1 свеж квасец
- 500 грама кори
- 1 лажица шеќер
- 150 мл масло за јадење
- 100 мл газирана вода
- 2 лажици брашно
- 100 мл млеко
- масло за јадење
- сол.
Подготовка:
- Во длабок сад или тенџере на оган ги ставаме млекото, шеќерот, една лажица брашно и мешаме со лажица. Во садот го додаваме свежиот квасец и повторно мешаме за да се добие хомогена смеса.
- Спанаќот ситно го сечкаме.
- Во длабок сад ги ставиме газираната вода и маслото. Мешаме со жица за матење за да се соедини смесата.
- Во тенџере на оган ставаме малку масло да се загрее. Во загреаното масло го додаваме спанаќот и оставаме да се динста.
- Во голем сад ја ставаме изварката и го додаваме омекнатиот спанаќ. Мешаме со лажица за да се соединат состојките.
- Корите ги сечеме на половина. Земаме една кора и ја свиткуваме на половина, по должината. Ја премачкуваме со смесата со квасецот, а потоа ја премачкуваме со смесата со масло и вода.
- На едниот крај нанесуваме една лажица од филот со спанаќ. Од кората формираме триаголник.
- Во тава обложена со хартија за печење ги редиме триаголниците. Со четка ги премачкуваме триаголниците со смесата со квасец.
- Тавата со триаголниците ја ставаме во загреана рерна на 190 степени. Печеме за време од 35 до 40 минути. Печените полнети триаголници со фил ги сервираме додека се топли со сос по желба. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Лесни и брзи мазничиња со готови кори.