Ве чеша кожата, имате црвенило кое печи и не знаете како да се справите со него? – Голема е веројатноста дека станува збор за непријатната и упорна егзема. Рацете се една од најчестите критичните точки на кои се појавува. Со оглед на тоа што бројот на лица кои се соочуваат со овој проблем е навистина голем и многумина се обратиле за помош, денес ќе се задржиме конкретно на мерките за постигнување и одржување на здравјето на кожата без егзема на рацете.
Со оглед на тоа што оваа тема е многу обемна, а истражувањето е наша омилена активност, денес ќе ја начнеме и ќе ги споделиме најважните насоки, а во иднина ви најавуваме дека истражувањето ќе продолжи и ќе споделиме уште многу корисни совети и факти. Информациите кои ги споделуваме се благодарение на тие сознанија и се поткрепени од ценетата Д-р Нела, на која и упатуваме срдечна и голема благодарност за сите совети и внимание.

Што е егзема?
Егземата е хронично заболување кое се карактеризира со постојано воспаление на кожата. Во првата – акутна фаза се манифестира со појава на ситни меурчиња исполнети со течност и кои предизвикуваат чешање. Постојат различни врсти на егзема, а најчесто се манифестира како атописки дерматитис – состојба која обично се јавува кај децата во раните години, или контактен дерматитис на рацете, од кој најчесто заболуваат возрасните.
Како да се справите со егземата?
Непријатната егзема е проблем кој може да го разбереме само откако ќе го почувствуваме на своја кожа. Не е болест која може да го попречи животот, ниту е пренослива, што е најчесто прашање, но е состојба на која треба будно да се внимава и дисциплинирано да се придржуваме до одредени правила и мерки.
Во лечењето на егземата, многу е важно да прекинете со чешањето, а за тоа може да ви помогне употреба на соодветен крем препишан од вашиот кожен доктор. Кремот не се препорачува да го земате на „своја рака“, зашто освен што ќе го нанесувате него, треба да нанесувате и масни и навлажнувачки масти на кожата, па секогаш консултирајте се пред употреба. И, бидејќи само кремот и тоа како не е доволен за да помине егземата, прочитате ги добро нашите совети кои потврдено помогнаа на повеќе лица што ги познаваме и ако имате дополнителни прашања пишувајте ни на info@sezahrana.mk, а ние во консултација со Д-р Нела, ќе ви одговориме.
Како што спомнавме, станува збор за хронично воспаление, а од исклучително голема важност е што може да се контролира до скоро потполно заздравување на кожата.
Внимавајте на исхраната во периодот на воспаление и секогаш кога можете
Научниците сметаат дека исхраната базирана на здрави алкални намирници е многу важна. Нашето тело е алкално (базно), а при внесување на одредени продукти се закиселува. Тоа со време предизвикува стрес во организмот, паѓање на имунитетот и појава на егзема. Симптомите може да се ублажат со внесување на поголема количина на антиинфламаторни намирници кои го зајакнуваат имунитетот. Внесувајте повеќе:
- есенцијални масни киселини – масни риби (скуша, лосос), семиња и јаткасти плодови
- пробиотици – јогурт, кефир, ферментиран зеленчук
- растителни влакна – мешунки, свеж зеленчук, јатки
- храна богата со антиоксиданси – лук, брокула, модар патлиџан, црвена зелка, фстаци, малини, црвено вино, зелен чај…
Препорачуваме да ги прочитате и темите со детална разработка:
Зајакнете го имунитетот со додатоци во исхраната
Информациите од истражувањата ги потврдивме и од личното искуство на повеќе наши блиски познаници кои денес живеат задоволни и среќни од постигнатите резултати. Постојат неколку додатоци во исхраната кои помагаат така што ги ублажуваат воспаленијата, спречуваат оштетувања на кожата и ја помагаат функцијата на имуниот систем, кој во овој случај и тоа како е важен за потполно заздравување на зафатената кожа. Такви се:
- Омега 3 масните киселини како што се Omega-3 од NOW Foods, кои се без холестерол и тестирани дека не содржат штетни нивоа на жива, тешки метали, PCB’s, диоксини и др. загадувачи)
- Антиоксидансите како што е BioAstin-от, кој е природен хавајски астаксантин, без ГМО и не содржи: вештачки бои, глутен, лактоза, квасец, пченка, пченица, пестициди и хербициди, BSE.
- Пробиотиците и дигестивни ензими, кои ја подобруваат функцијата на системот за варење и имунитетот, па така го намалуваат ризикот од алергии. Ако се одлучите за пробиотици, ви ја препорачуваме природната палета на Trimeks од NOW Foods – Acidophilus 4×6, Bromelain 2400 GDU/g, OralBiotic, Serrazimes.
- Витаминот Д3, чиј недостаток се јавува доста често.
- Последна, но можеби и најважна е неверојатната Hawaiian Spirulina! Свесни за нејзината хранлива вредност, тестиравме дали може да има корисно влијание при упорната егзема и искрено задоволни од резултатите, споделуваме со сите вас кои можеби ви е потребна помош дека Hawaiian Spirulina придонесува за егземата да исчезне и да се контролира, па ви препорачуваме да пробате и вие.
Дополнителни препораки и совети
За Hawaiian Spirulina може да пишуваме навистина многу, а во оваа прилика ќе ја потенцираме нејзината способност да го зајакне нашиот имунитет и наместо да пишуваме, ви издвојуваме корисни линкови со детални информации:
- Hawaiian Spirulina – најмоќна храна на земјата и прочистувач на телото!
- Hawaiian Spirulina – микро алга и макро благодет
Spirulina pacifica можете да ја набавите во сите поголеми аптеки во Македонија во форма на 100 таблети, 200 таблети и 400 таблети од 500 мг како и во форма на прав од 142 грама. Исто така, можете да ја нарачате и онлајн на страницата на Тримекс. Можностите се широки, а користа од неа ни е проверена. Природно и добро за здравјето!
Важно! Рацете мијте ги само со бебешки сапун и добро сушете ги. Избегнувајте да носите накит и да користите хемикалии во допир со рацете, а кога миете садови носете заштитни ракавици. Подетално за начините на справување и заштита, очекувајте наскоро!
Ви препорачуваме да прочитате: 10-те докажани причини за да консумирате спирулина.
*Комерцијален текст.