Премногу киселата храна е штетна за организмот

Не, не станува збор за лимон, портокал или јаболкова киселина. Оваа содржина е посветена на храната која во организмот создава кисела средина. Доколку се консумира премногу кисела храна, таа предизвикува болести и воспалителни процеси во организмот, па треба да се замени со базна, односно алкална храна. Туморските ткива се кисели, додека здравите ткива се алкални.

Нашето тело е алкално (базно), но при внесување на одредени продукти се закиселува. Токму тоа предизвикува стрес во организмот, особено во системот на органите за варење. Како резултат на тоа може да имате вишок на килограми и чувство на замор.

Претходно пишувавме за базните намирници и како таквата храна влијае врз здравјето. Бидејќи за оптимално здравје се препорачува 60% до 80% од храната да биде базна, а 20 до 40% кисела изготвивме листи со храна која ќе ви помогне при изборот.

Табелите на прв поглед можеби ќе ви изгледаат чудно. На пример, како лимонот кој е изразито кисел по вкус, може да го направи организмот базен? Во процесот на варење, лимонот се разградува на базни состојки и значително ја зголемува базноста на организмот. Оваа особина на лимонот е искористена при многу диети, каде што често се практикува. Тркачите и маратонците на долги патеки од пракса знаат дека лимонот има својство да го неутрализира уморот и да ја отстрани млечната киселина која настанува со напрегање на мускулите. Лубеницата исто така создава базна средина. Не е чудо што и народната медицина ги смета лимонот и лубеницата за чистачи на организмот. Освен што го детоксицираат организмот, тие ја неутрализираат преголемата киселост, која е причина за многу проблеми (меѓу кои и создавањето на бубрежни камчиња).

кисела храна

На другиот крај на листата се белиот леб и печивата, месото и другите слични намирници во процесот на варење создаваат изразено кисела реакција. Не е тешко да се забележи дека намирниците кои често се користат во нашата исхрана се изразито кисели. Затоа кај многу луѓе киселоста во организмот е зголемена, а таа состојба е добра подлога за различни пореметувања.

Намирници кои го прават организмот благо кисел

Намирници кои го прават организмот средно кисел

  • интегрални житарици и тестенини од нив
  • печива од интегрално брашно
  • јаткасти плодови (освен бадеми)
  • басмати ориз
  • млеко од ориз
  • рж
  • овес
  • пченичен леб со органски никулци
  • излупен компир
  • сирење
  • риба
  • хомогенизирано млеко
  • хомогенизирано козјо млеко
  • кечап
  • боровинки
  • непреработен јаворов сируп
  • сенф
  • пуканки
  • суви сливи
  • чај.

Намирници кои го прават организмот изразито кисел

  • бел леб
  • печива и колачи од бел леб
  • рафинирани житарици (бел ориз)
  • шеќер
  • преработена храна
  • храна збогатена со протеини и протеински суплементи
  • кикирики
  • чоколадо
  • кафе
  • алкохол
  • газирани безалкохолни пијалаци
  • засладени овошни сокови
  • вештачки засладувачи
  • јунешко месо
  • свинско месо
  • јагнешко месо
  • пилешко месо
  • брусница
  • засладен јогурт
  • сладолед
  • џемови
  • преработен јаворов сируп
  • индустриска туршија
  • морски плодови
  • рафинирана или јодирана сол
  • црн чај
  • ореви
  • винска киселина.

Ви предлагаме да прочитате: Алкална храна за супер здравје и енергија.

Сподели: