Еве една убава салата богата со зеленчук. Ако сакате да каснете нешто здраво, но вкусно, оваа салата со тиквичка, модар патлиџан, домати, моцарела и босилек е вистински избор за вас.
Направена во кујната на Невена, салатата со печена тиквичка и модри патлиџани ветува одличен вкус и лесна подготовка.

Состојки:
- 1 средна тиквичка
- 1 модар патлиџан
- 2 домати
- 250 гр моцарела
- 10-на листови босилек
- сол
- оригано
- маслиново масло
- балсамико оцет.
Подготовка:
- Тиквичката и црниот патлиџан измиени и исчистени од дршките исечете ги на кругови од 1 – 1,5 см.
- Посолете ги и оставете ги околу 1 час да отстојат да ја пуштат водата што ја содржат.
- Потоа избришете ги со салфетки и наредете ги во плех за печење обложен со хартија. Попрскајте ги со масло и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени околу 30-35 минути да омекнат.
- Оставете ги да оладат.
- Доматот и моцарелата исечете ги на кругови.
- Во чинија за сервирање редете наизменично од зеленчукот и моцарелата, а на некои места ставајте и листови босилек.
- Одозгора попрскајте ја со маслиново масло, оригано, сол а по желба може да се додаде и балсамико оцет.
Рецептот го испратил: Невена Ѓеровска.
Ви предлагаме да прочитате: Летна фритата со тиквичка и модар патлиџан.