салата со туна и марула

Салата со туна и марула во сос од маслиново масло и лимон

Медитерански вкус за совршено уживање во храната! Ако салатите со туна ви се едни од омилените,  ви предлагаме нов рецепт. Пробајте ја оваа вкусна салата со туна и марула, дополнета со вкусот на варени компири, јајца, домати, маслинки, зачинета со маслиново масло, оригано и свеж сок од лимон. 

Оваа салата со туна и марула може да ја послужите во комбинација со ручекот или како главен оброк. Наведените состојки во рецептот се доволни за 4 порции.

туна салата

Состојки:

  • 1 марула
  • 1 конзерва туна од 185 грама
  • 2 варени компири со средна големина
  • 2 варени јајца
  • 2 домати
  • 15 до 20 зелени и/или црни маслинки
  • 100 грама варена боранија по желба
  • рукола за декорација.

За прелив:

  • 30 мл свежо цеден сок од лимон
  • 30 мл маслиново масло
  • ½ до 1 чешне ситно сечкан лук по желба
  • оригано по вкус
  • сол и црн пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Марулата исечете ја на поголеми парчиња. Варените компири и доматите исечете ги на осмини.
  2. Јајцата исечете ги на тенки ленти.
  3. Во мал длабок сад ставете го сокот од лимон, маслиново масло, лукот, ориганото, солта и црн пипер. Измешајте ги состојките за преливот.
  4. Во четири чинии распоредете ја сечканата марула. Врз неа ставете ги сечканите компири, домати и јајца. Маслинките и боранијата распоредете ги врз салатата. Во средината ставете ја исцедената туна од маслото. Над туната ставете листови рукола.
  5. Врз салатата нанесете од приготвениот прелив. Посолете по вкус. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Посна салата со туна, ориз и маслинки.

Сподели: