Убавината е во едноставноста! – Често пати ни се случува фрижидерот да ни е полн со храна и тоа добра, вкусна и освежителна, но да не знаеме како да ја искористиме. Токму за тоа станува збор во овој рецепт. Ви предлагаме една помалку секојдневна комбинација на состојки, претворена во свежа салата со пченка и неколку зеленчуци во различни бои.
Чинија полна со бои и радост. Вкусен момент кој треба да се доживее! – Дозата е за 2 порции, а по потреба зголемете ја.

Состојки:
- 1 чаша варена и исцедена пченка
- 8-10 шери доматчиња или 1-2 домати зависно од големината
- 1 краставица
- 1 главица црвен кромид
- неколку гранчиња магдонос
- сол по вкус
- Брилијант масло со омега 3 по вкус.
Подготовка:
- Најпрво сварете ја пченката додека омекне, а потоа исцеде ја и оставете ја да се излади.
- Шери доматчињата или доматите измијте ги, па пресечете ги на парчиња. За поинтересен изглед, ако станува збор за големи домати, предлагаме да ги исечете на коцки.
- Краставицата измијте ја и исто така исечете ја на коцки.
- Кромидот излупете го и поситно исечкајте го.
- Додајте сол и Брилијант масло со омега 3 по вкус, промешајте и на крај сервирајте со сечкани ливчиња од неколку гранчиња магдонос. На здравје и уживајте во светот на вкусовите!
Ви препорачуваме да прочитате: Придобивки, улога и извори на омега 3 масните киселини.
*Спонзориран рецепт.