Ако сакате вашето семејство да го нахраните и угостите со богат ручек кој е близок до нашата традиција, дефинитивно треба да се одлучите за подготовка на семејна тава со свинско месо. Одличен спој на состојки кои совршено се вклупоуваат и креираат моменти за една незамисливо вкусна гозба!

Состојки:
- 1 кг свински пафлак
- 500 гр мелено месо
- 4 страка праз
- 3 моркови
- 1 главица кромид
- 5-6 суви црвени пиперки
- 1 тегла шампињони
- 2 компири
- 5-6 ловорови листа
- 300 мл црвено вино
- 2-3 лажици мешан зачин
- 1/2 лажица црн пипер.
Подготовка:
- Меленото месо се замесува со мешан зачин и црн пипер, се посолува по вкус и од него се прават мали ќофтенца.
- Свинското месо се сечка на парчиња и се запржува во загреено масло за малку да фати коричка.
- Во истото масло се запржуваат и сечканиот праз, морков и сувите пиперки. Се пржат додека омекнат.
- Во тавата со морковите и сувите пиперки, се додаваат печурките и се пржи уште 10 минути.
- Во поголема тава се става месото, а врз него се нанесува зеленчукот.
- Се додаваат зачините, ловорот и компирот исечкан на поситни коцки, па се налева со виното и една чаша вода. Убаво се меша да се соедини и се става во рерна да се пече, а пред тоа се покрива со фолија и се пече околу 40 минути на 200 степени.
- На крај фолијата се отстранува и се додава ретка запршка (1 лажица брашно се пропржува со малку масло, па се додава 1 лажица црвен пипер). Запршката се додава по желба, но јадењето е вкусно и без запршка.
- Се пече уште 10 минути и ручекот е готов. Оваа количина е поголема доволна за еден семеен ручек.
На здравје!
Рецептот го испратил: Даниела Џогова