Време е за малку поинакви и со подобрен вкус, мали сендвич лепчиња со мелени ореви! Симпатични и за обожавање од сите возрасти. Убави за сендвичи, за на пикник, за на работа, а зошто не и за уживање и на трпезата!
Не се прават на тежок начин, напротив, полесно не може да биде!

Состојки:
- 300 г интегрално брашно
- 150 г ржано брашно
- 4 лажици мелени ореви
- 2 лажици маслиново масло
- 1 ќесичка прашок за печиво
- 1 лажиче сол
- 2 лажици свежо цеден сок од лимон
- околу 450 мл млака вода
За декорирање:
- малку маслиново масло за премачкување
- мелени или толчени ореви по потреба.
Подготовка:
- Во поголем сад за месење се ставаат сите суви состојки и се мешаат со помош на лажица.
- Водата, лимоновиот сок и маслото прво се мешаат во одделен сад, а потоа се додаваат во садот за месење.
- Потоа, смесата се меша со лажицата, додека се добие меко тесто.
- Со навлажнети раце се зема од тестото и се прават топчиња со големина која е приближна на јајце, а потоа малку се притискаат одозгора, се премачкуваат со маслиново масли во тенок слој и се посипуваат со мелени или толчени ореви по желба.
- Готовите топчиња од тесто се редат во плех кој сте го обложиле со хартија за печење.
- А на крај, се печат во претходно загреана рерна на 180 степени, за време од околу 30 минути. Тоа е сѐ, на здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Домашни лепчиња од овес и ржано брашно.